[Ossm-members] Проблеми и потреби на мк тимови за локализација на слободен софтвер
Arangel Angov
ufo at linux.net.mk
Tue Jul 31 17:46:53 UTC 2007
На вто, 2007-07-31 во 15:11 +0200, Дамјан Георгиевски напиша:
> На пр. јас и новица во моментов користиме darcs(1) за да се синхронизираме во
> преводот за Mozilla производите ... сега за сега се покажува како прилично
> добро а и едноставно решение.
За локализацијата на GNOME, Fedora, Ubuntu и KDE не гледам
некоја причина од локален versioning систем или пак некаков
си tracker. Сите користат CVS/SVN + SSH, конкретно за GNOME
и Fedora имаме и повеќе од еден човек со пристап така да
ова не е потребно ако ме прашате мене.
Според мене страницата треба да содржи општо упатство за
заинтересираните луѓе што сакаат да се вклучат во активностите.
На крајот може да има по еден краток дел за сите проекти.
И секако техничко упатство, Kbabel/GTranslator/PoEdit, локализација
на Windows на GNU/Linux, gettext и gettext команди, примери од
PO датотеки и слично.
Некој ќе треба да се нафати да ги започне овие два текста, примери има
милион, еве два од кои што можат да се извадат корисни работи:
http://www.gnu.org/software/gettext/manual/gettext.html
http://developer.gnome.org/projects/gtp/translate-gnome/index.html
Од сите работи поврзани со локализацијата на софтвер на македонски
најслабо стоиме со документацијата. Новица имаше една идеја на сајтот да
додадеме дека постои можност студенти да добиваат пракса во 2с.мк со тоа
што ќе локализираат софтвер и документација, па јас сум ЗА да го
направиме и тоа.
--
Арангел
[w.ufo.linux.net.mk]
[e/j.ufo at linux.net.mk]
[i.arangel @ FreeNode]
More information about the Ossm-members
mailing list