[Ossm-members] Free speech vs. free beer

Biljana biljana.kochoska at gmail.com
Sun Jun 24 12:02:07 UTC 2007


> Од друга страна пак над 90-95% од проектите што се слободен софтвер се
> бесплатни, има само мал дел кои се слободен софтвер, а се
> комерцијални. Всушност тие имаат двојно лиценцирање, под GNU и
> комерцијално. Такви се  MySQL и Qt на пример.

 Токму поради тоа што голем процент од слободниот софтвер е и
бесплатен не треба постојано да се нагласува дека не е. Тоа како што
кажа и Божидар е проблем на англиското говорно подрачје поради истиот
збор кој се користи за двата поими, па луѓето имале потреба додатно да
објаснуваат дека поентата пред се е слободата а не бесплатноста, затоа
што постои и друг софтвер кој е бесплатен, но не е и слободен, исто
како што постои софтвер кој е слободен и не е бесплатен.

Мислам дека се што е претерано влегува во друга крајност. Така што,
доколку им кажуваме на луѓето дека слободниот софтвер е слободен и тоа
е идеологијата за која се залагаме, а неговата бесплатност, (доколку е
тоа случај за конкретниот пример) е со секундарна важност многу
подобро би ја доловиле идејата, отколку да го збунуваме нагласувајќи
дека слободен не значи бесплатен. Слободниот софтвер во доста голем
процент е бесплатен и тие два поими не се исклучиуваат по секоја цена,
 што се доловува со тоа наше постојано трубење: „слободен не е
бесплатен, слободен не е бесплатен..." Со постојаното нагласување
постои опасност да влеземе во една друга крајност, па луѓето да не ги
привлече бенефитот и на бесплатноста (која е многу поважна со самото
тоа што е искомбинирана со слободата.)

Ова мешењево со free ми е многу смешно оти ми наликува на оние
суеверија кои немаат смисла, но кога ќе размислаш за неговата суштина
сфаќаш дека во некој друг контекст и друго време тоа си имало доста
практична причина зошто било така, но во овој контекст и ова време е
несоодветно. :)


-- 
Bi


More information about the Ossm-members mailing list