[Ossm-members] Free speech vs. free beer
Jovan Kostovski
chombium at gmail.com
Sun Jun 24 12:29:49 UTC 2007
On 6/24/07, novica at bagra.org <novica at bagra.org> wrote:
> Абе, целиот слободен софтвер е комеријален! Ало?!
Да, има огромна комерцијална вредност, но сепак најчесто
може да се најде за ниска цена.
On 6/24/07, Biljana <biljana.kochoska at gmail.com> wrote:
> Со постојаното нагласување
> постои опасност да влеземе во една друга крајност, па луѓето да не ги
> привлече бенефитот и на бесплатноста (која е многу поважна со самото
> тоа што е искомбинирана со слободата.)
На ова не смееме ни да помислиме, а не да го промовираме.
Во таков случај, сите ќе трчаат по слободен софтвер затоа што е
бесплатен (иако генерално не е), наместо да ја воочат неговата
вистинска вредност, дека добиваат многу квалитетен софтвер, заедно со
неговиот изворен код, можат да го прилагодат на своите потреби и да го
користат за било каква намена.
Не исто да правиш нешто затоа што мораш да го правиш тоа и да правиш
нешто затоа што сакаш да го правиш тоа. Во вториот случај квалитетот е
на многу поголемо ниво.
> Ова мешењево со free ми е многу смешно оти ми наликува на оние
> суеверија кои немаат смисла
Не е баш така, секој гледа да го донесе потокот кон својата воденица ;)
Повеќето го толкуваат ова како што им одговара, а не каква што е вистината.
ПОЗДРАВ, Чомбе
More information about the Ossm-members
mailing list