[Ossm-members] Free speech vs. free beer

Biljana biljana.kochoska at gmail.com
Sun Jun 24 13:03:21 UTC 2007


> On 6/24/07, Biljana <biljana.kochoska at gmail.com> wrote:
> > Со постојаното нагласување
> > постои опасност да влеземе во една друга крајност, па луѓето да не ги
> > привлече бенефитот и на бесплатноста (која е многу поважна со самото
> > тоа што е искомбинирана со слободата.)
>
> На ова не смееме ни да помислиме, а не да го промовираме.
> Во таков случај, сите ќе трчаат по слободен софтвер затоа што е
> бесплатен (иако генерално не е), наместо да ја воочат неговата
> вистинска вредност,

Видов дека не е баш сфатливо тоа што го кажав па да се поправам. Значи
реков дека и кога е нешто бесплатно е многу повредно кога е слободно,
отколку кога само би било бесплатно. Значи слободата е онаа која го
прави бесплатното да биде вредно.

И да не бегаме од суштината. Ако сакаме да привлечеме многу повеќе
луѓе да користат слободен софтвер треба да им ги нагласуваме
бенефитите кои им се важни ним. Еве на пример една хипотетичка
ситуација каде што му објаснуваш некому за слободен софтвер и му
велиш:
- „Ние се залагаме за популаризација на слободниот софтвер, кој
слободно може да се дистрибуира, го добивате со неговиот изворен код,
можете да го прилагодувате на вашите потреби и да го користите за било
каква намена. Слободен не бесплатен! Слободен како слободен говор а не
бесплатен како пиво."

И сеа типов си вели во себе:
- „Чим ми нагласува дека не е бесплатен, значи јас од некаде требало
да го помислам или да го чујам тоа. Зашто ваљда, неговиот квалитет или
незнам ти шо не вреди толку, па многумина си мислат дека е бесплатен.
Но овој ми објаснува нешто за некаков код и сл. работи кои јас не ги
разбирам и очигледно сака да ми го ували да го купам. Но што ќе ми е
ко веќе имам (да речеме) windows за беспари.
А и башка ова, кај тоа пивото е бесплатно" :)

Значи јас предлагам да се објаснува дека слободниот софтвер е слободен
ради тоа и тоа. Тој во некои случаи е бесплатен или пак многу евтин,
но во некои си е и тоа како комерцијален. Но неговата вистинска
вредност не е во парите. Бесплатниот софтвер не значи дека е слободен.

Поздрав :)


Bi


More information about the Ossm-members mailing list