[Ossm-members] ЧПП Ажурирање

Biljana biljana.kochoska at gmail.com
Mon Jun 25 15:15:18 UTC 2007


> Всушност, се сложувам со Гемиџи дека содржината ставена на викито повеќе е за
> на блог.

Ти стварно мислиш дека ти си тој што треба да каже кое нешто за кај е?!

> Некои од точките се директен одговор на работите што ги пишав во моите
> текстови (на блог).

Па да, како што реков се инспирирав од постовите и видов дека некои
работи не се баш јасни, така што имав добра причина да помислам дека
секој што ќе се заинтересира за заедницата треба да има појасни
дефиниции што таа претставува, а ова место е местото кај што треба тој
одговор да го добие. Не нечиј блог.

> И патем, сликата од сподели знаење е cc-by-sa а викито е gfdl. Лиценците не се
> компатибилни меѓу себе, а јас како автор не сум дал дозвола да се користи
> сликата на други начини.

Како и да е, сега е сменета сликата и е искористена онаа оригиналната
од xkcd која има друга лиценца која е покомпатибилна.

Не ми беше идејата да се расправам. Сакав работите кои ги кажа Дамјан
во неговиот пост кај што зборуваше за заедницата да ги ставам на едно
место јасни и концизни и да му се најдат на секого.
Но, како што гледам твоeto hostile однесување е се понагласено.

-- 
Bi


More information about the Ossm-members mailing list