[Ossm-members] predlog 3 - spodeli znaenje
Biljana Kochoska
biljana.kochoska at gmail.com
Wed Jun 27 14:59:13 UTC 2007
Misa Popovic wrote:
> „Сподели знаење" е само по себе слоган... мислам дека нема потреба од
> ништо повеќе.
Сподели знаење е бренд сам по себе.
Иако на некој начин е слоган за брендот слободен софтвер, тој има
своја посебна егзистенција со свој идентитет и препознатлив стил.
Кога се прави кампања за некој бренд секогаш има еден главен слоган
кој се однесува општо на брендот, а секоја посебна кампања си има свој
носечки слоган.
Во случајов постојат две варијанти. Да се земе првиот слоган *нè има
сè повеќе* како главен слоган на брендот и врз него (таа идеја и
порака) да се градат сите останати постери, или пак да се прави
кампања за *сподели знаење* со различни постери и слогани и една цел -
негова популаризација. Јас дури и би идела, посебните слогани да се
поголеми и поистакнати од сподели знаење, за да биде пораката посредно
испратена, и постепено да се гради три де претстава за брендот
*Сподели знаење*
--
Bi
More information about the Ossm-members
mailing list