[Ossm-members] predlog 3 - spodeli znaenje

Misa Popovic popmisa at gmail.com
Wed Jun 27 15:27:29 UTC 2007


„сподели знаење" можеби е посреден слоган на слободниот софтвер, но во
овој случај, „сподели знаење" повеќе се однесува на активностите на
заедницата и 2с.мк за размена на знаења и искуства од различни аспекти
на користењето на слободниот софтвер или некои други сродни
технологии.

Тоа јасно го укажуваат и сите варијанти на постерите кои досега беа
предложени, каде стоеше место и време на настанот.

Користејќи го „сподели" од „сподели знаење" се напраи „сподели кино"..
а башка се повеќе гледам дека го користиме како збор....

Оттука мислам дека брендот би бил повеќе „сподели" (добар buzz word и
не неопходно поврзан со слободен софтвер) отколку „сподели знаење"...
па така „сподели кино", „сподели знаење" и некоја идна активност се
посебните кампањи на мотото (брендот или како сакаш) „сподели" кое е
заедничко за „слободен софтвер" и она што го замислуваме како
„слободна култура".

„Не има се повеќе" или „Чекориме сигурно" не мислам дека добро ја
отцртуваат идејата која со сите овие активности сакаме да ја
испратиме, а тоа е навраќање кон една култура на споделување,
солидарност и помагање (да му помогнеш на соседот). Башка... без
навреда... ама ништо не ми значат + ми призвучуваат некако политички
(па и фашистички).

Значи.. тоа што сакам да го кажам е дека „сподели", „сподели знаење",
„сподели кино" се самореферентни слогани и јасни онолку колку што
слоган може да биде. Ние може да додадеме нешто друго - што може лесно
да се менува (пр. „Сподели кино" - донеси и ти некоја копија), но
мислам дека добра маркетиншка стратегија е да се прифатат и како
наслови за кампања/активност и како слоган - затоа што добро
функционираат како такви.

поздрав
-- 
Misa Popovik


More information about the Ossm-members mailing list