[Ossm-members] predlog 3 - spodeli znaenje

Biljana Kochoska biljana.kochoska at gmail.com
Wed Jun 27 16:00:17 UTC 2007


 Misa Popovic wrote:
> „сподели знаење" можеби е посреден слоган на слободниот софтвер, но во
> овој случај, „сподели знаење" повеќе се однесува на активностите на
> заедницата и 2с.мк за размена на знаења и искуства од различни аспекти
> на користењето на слободниот софтвер или некои други сродни
> технологии.

Ти кажа дека е слоган, јас само реков дека евентуално ако го земеме
дека е, најмногу се однесува на слободниот софтвер и токму поради тоа
нагласив дека е бренд сам по себе, зашто од него тргнуваат и сподели
кино и сподели други работи. И токму поради тоа мислам дека треба да
има уште еден слоган. Пример тој Не има се повеќе придружи ни се токму
одговара за повикување на учесници на таа активност.

> Оттука мислам дека брендот би бил повеќе „сподели" (добар buzz word и
> не неопходно поврзан со слободен софтвер) отколку „сподели знаење"...
> па така „сподели кино", „сподели знаење" и некоја идна активност се
> посебните кампањи на мотото (брендот или како сакаш) „сподели" кое е
> заедничко за „слободен софтвер" и она што го замислуваме како
> „слободна култура".

Во секој случај споделки знаење е прв бренд кој се проширува во повеќе
насоки.Тоа го имаш насекаде. И Пепси е Пепси, па има и Пепси твист и
Пепси макс. Тоа што тој бренд од старт има еден збор на кој потоа се
додабваат другите не прави разлика.
*Сподели* само по себе не егзистира како бренд. Не можеме ние да го
ивадиме зборот и да го апстрахираме од „производот" па да градиме
бренд од него, кога веќе имаме некаков изграден бренд. Тоа што сега
има и *сподели кино* не е никаков проблем *Сподели знаење* да е главен
бренд, зашто и самото споделување на кино е споделување на некакво
знаење. Сигурно дека нема следните активности да се надвор од тоа,
ваљда нема да се споделуваат пиперки :)

> „Не има се повеќе" или „Чекориме сигурно" не мислам дека добро ја
> отцртуваат идејата која со сите овие активности сакаме да ја
> испратиме, а тоа е навраќање кон една култура на споделување,
> солидарност и помагање (да му помогнеш на соседот).

Постерите никогаш не се за да испратат идеја. Тие се пропагандни
материјали кои треба да поттикнат на акција. Значи со постерот ги
намамуваш луѓето да дојдат во случајов, а потоа им ги испраќаш идеите
на раат. Се лажеш ако мислиш дека со еден постер на некој ќе му ја
објасниш идејата која стои позади слободната култура.

> Башка... без
> навреда... ама ништо не ми значат + ми призвучуваат некако политички
> (па и фашистички).

Овде веќе влегуваш во Годвиновиот закон :)
http://www.faqs.org/faqs/usenet/legends/godwin/
Плус фашистите, ако веќе ги спомнуваме, имале најдобра кампања евр.
Успеале милиони луѓе да натераат да прават нешто што не би направиле
ни на сон.

> Значи.. тоа што сакам да го кажам е дека „сподели", „сподели знаење",
> „сподели кино" се самореферентни слогани и јасни онолку колку што
> слоган може да биде. Ние може да додадеме нешто друго - што може лесно
> да се менува (пр. „Сподели кино" - донеси и ти некоја копија), но
> мислам дека добра маркетиншка стратегија е да се прифатат и како
> наслови за кампања/активност и како слоган - затоа што добро
> функционираат како такви.

Значи пак ќе кажам, на ниту една кампања не и е доволно само името на брендот.
Не може да функционира така ни еден Ситроен. Па дури ни глобално
случување како Олимпијада не поминува без слоган. Слоганите се минливи
нешта, но треба да ти влезат во глава да те поттикнат моментално на
акција. А брендот треба да остане, но за да се задржи мора постојано
да го прикажуваме во ново светло со некоја поинаква информација за
него.
Тоа е слоганот и затоа делува.

Поздрав

-- 
Bi


More information about the Ossm-members mailing list