[Ossm-members] predlog 3 - spodeli znaenje

Misa Popovic popmisa at gmail.com
Wed Jun 27 16:33:24 UTC 2007


> има уште еден слоган. Пример тој Не има се повеќе придружи ни се токму
> одговара за повикување на учесници на таа активност.

Можеби треба да се размислува надвор од кутијата и да се гледа на
целта на кампањата не само да ги донесе луѓето во ФЕИТ или Точка него
промоција на општ принцип за прифаќање на споделувачка култура.
Слогани кои повикуваат на присуство на конкретни настани, во контекст
на мисијата што сакаме да ја постигнеме, во тој случај ми се
ограничени.

> насоки.Тоа го имаш насекаде. И Пепси е Пепси, па има и Пепси твист и
> Пепси макс. Тоа што тој бренд од старт има еден збор на кој потоа се
> додабваат другите не прави разлика.

Пепси ништо само по себе не значи како збор. Сподели знаење/кино го
има истото значење во и надвор од контекстот на настаните кои 2с.мк и
заедницата ги организираат и токму поради тоа, мислам дека не им треба
посебен дополнителен слоган. Затоа се супер како слогани.

> *Сподели* само по себе не егзистира како бренд. Не можеме ние да го

Зошто има потреба да егзистира како бренд. Ако откако сме заклучиле,
ако воопшто дојдеме до тој заклучок, дека клучниот збор во целата
работа е „сподели", што не спречува во понатамошните активности тоа да
го промовираме како „чадор" за сите наши активности во тој домен.

> Овде веќе влегуваш во Годвиновиот закон :)
> http://www.faqs.org/faqs/usenet/legends/godwin/

Закон е законов... ама не знам зошто тоа си го сфатила така... И мене
слоганите ми се дел од професионалниот интерес, па ги препознавам
двозначните симболи кои можат да егзистираат како знаци на различни
(во овој случај спротивставени) страни. „Не има све повеќе" ми буди
таков призвук.... а „Чекориме сигурно" ми е ко слоган на просечна
македонска партија... ништо не ми значи. Затоа и го кажав тоа...

> Плус фашистите, ако веќе ги спомнуваме, имале најдобра кампања евр.

Абе супер се што да ти кажам... За мене хипиците имале најдобра кампања...

> Успеале милиони луѓе да натераат да прават нешто што не би направиле
> ни на сон.

Каков заклучок... Очигледно е дека луѓето можеле тоа да го направат,
пошто ако нешто ни на сон не можеш да го направиш - неможеш да го
направиш (не ти е ни во потсвеста). Напротив, фашистите биле „добри"
во тоа да покажат што се луѓето можат да сторат, ама никогаш не сакале
тоа да си го признаат. Тажно нели...

Како и да е, не мислам дека кампањата за промоција на „ сподели * "
треба да ја базираме на апсолутно фетишизирање на моќта на убедување
на маркетиншките алатки, пошто мислам дека тоа не е поентата.

-- 
Misa Popovik


More information about the Ossm-members mailing list