[Ossm-members] едно прашање околу GPLv3 и DRM
Дамјан Георгиевски
penguinista at mail.net.mk
Sat Jun 30 22:19:12 UTC 2007
> Е сега имам едно интересно прашање. Имам видено во пракса како работи еден
> сателитски приемник кој е базиран на Линукс (има Лан порт, имиџ кој се
> флешува од интернет и сл.). Овој сет-топ бокс има систем за DRM
Каков систем за DRM има?? Сигурен си?
Иначе збориш за DreamBox така?
> а наспроти тоа во моментов претставува најефикасниот растурач на DRM за
> аудио-визуелни содржини (со помош на еден вид на P2P на размена на кодови од
> оригинални картички преку интернет).
Card-sharing ... една од погенијалните идеи кои сум ги видел :)
> Поточно, не самата „машина" туку софтверот направен од заедницата за него е
> базиран на линукс го овозможува ова и се инсталира дополнително. Доколку во
> иднина дел од алатките кои се користат за овој уред (пр. busybox) се
> лиценцира според GPLv3,
Тоа што GPL3 пробува да го гарантира е дека ќе можеш busybox-от да го смениш
со сопствена верзија. Можеш ли?
> дали овој уред ќе биде запоставен (т.е. ќе мора да се ограничи на користење
> на постар софтвер, или во недостаток на поддршка да се затвори како проект)?
Ова е веќе премногу хипотетички ... веројатно зависи од тоа дали околу целата
работа се формирало доволно моќна заедница.
--
дамјан ( http://softver.org.mk/damjan/ )
http://wiki.lugola.net/wiki/Вечна_TO-DO_листа
More information about the Ossm-members
mailing list