[Ossm-members] Пропаганда

Igor Stamatovski igor.stamatovski at gmail.com
Sat Mar 3 17:32:13 UTC 2007


> On Saturday 03 March 2007 16:48, Vlado Peshov wrote:
>
> > Сака да каже да се контактира со тој што сака да помогне еве и телефон
> > остави и треба Слободен Софтвер да го комуницира човекот и да договори
> > средба кај што на него ќе му одговара, а не човекот да го гони
> > Слободен Софтвер. Јасно сеа?
>

Ха, не! Значи да разјасниме.

Тој што сака да помогне може да ја најде заедницата секој втор вторник
на ФЕИТ, организирана од Слободен софтвер Македонија на едно место.
Повеќе од тоа здравје.

Ако сака да помогне може да ја контактира заедницата таму.

Ако сака да се вклучи повторно може да дојде таму.

Ако сака да соработува со Слободен софтвер Македонија може да пише на
info at slobodensoftver.org.mk, а ако оставил телефон тогаш Слободен
софтвер Македонија одн. нејзиниот секретар ќе се јави (веќе се јавил
ил иисконтактирал) и ќе договори средба со заинтересираната страна.

Во одговорот на Арангел немаше ништо лошо, мислам дека е повеќе од
огромна помош од страна на Слободен Софтвер Македонија до било кого да
се обиде да ги собере луѓето на едно место.

Значи таму се, толку се ако знаете и други повикајте ги таму да се
запознаеме, да ја прошириме заедницата.

Ако некој е правно лице и сака да соработува официјално важи делот за
секретарот и средбата, но за тоа важат и други правила.

Акција е потребна од двете страни, ако постои взаемен интерес.

Ние се претставивме со име и презиме, господинот не кажа дали е
претставник на некоја компанија, институција, невладина организација
или фондација, нејсе.

Значи ќе се видиме во вторник и ќе видиме како можеби би можеле да
соработуваме.

-- 
Igor Stamatovski


More information about the Ossm-members mailing list