[Ossm-members] Пропаганда

Aleksandar Balalovski gemidjy at lugola.net
Sat Mar 3 17:52:32 UTC 2007


On Saturday 03 March 2007 17:35, Арангел Ангов wrote:

> Фала ти Игор што образложи вака за сите да разберат.

What have I done....

Ок...извинете ако вознемирив страсти.
Значи целата идеја на темава/нишкава е дека е Март 2007ма. Март 2004та се 
потпиша договорот. Оваа година истекуваат 3 години, на корисниците ќе им 
истечат лиценците/договорите, BSA во весници повторно има кампања, се пратат 
многу работи за тоа кој што работи, ќе има контроли и ствари, само сакав да 
поттикнам кампања/пропаганда преку која ќе им кажеме на крајните корисници 
дека Слободниот софтвер е Бесплатно Легален (за разлика од она на BSA - Само 
легалното е сигурно, каде потсвесено се алудира не нечии други производи).

Засега, испратив барање до BSA за некаков вид соработка, ништо конкретно се 
додека не ми одговорат, ја испратив вчера, крај на работно време, па Викенд. 
Ќе почекам до Понеделник поручек да добијам одговор. 

Исто така, поради тоа што на 15ти месецов славиме 3 години постоење ќе има 
нешто вакво како активност: во пликови (од оние жолтите големите) ќе 
испраќаме памфлет „Слободата и Ти“, флаери со информации за Лугола, ЦД-ња со 
Убунту или Канотикс Линукс, и евентуално по некоја маичка (нема многу и нема 
да има за сите). Утре тоа на состанок ќе го разгледуваме. На флаерот со 
инфото за Лугола ќе има три важни точки:

- што/кој/како е Лугола;
- „слободниот софтвер е бесплатно легален“ - можност за миграција на 
корисници;
- како да станите пријател со Лугола (спонзорирајте, донирајте, учевствувајте 
и сл..)

Ќе опфатиме повеќе од 50 фирми, кои ни помогнале и тие кои не ни помогнале 
(нив особено ќе им биде нагласена можноста дека можат да бидат пријатели со 
заедницата на слободен софтвер).

Значи тоа би било тоа. Тоа ни е активност што ќе ја спроведеме оваа недела (од 
Понеделник) во контекст на идејата на темава што ја започнав. 





More information about the Ossm-members mailing list