[Ossm-members] Пропаганда

Арангел Ангов ufo at linux.net.mk
Mon Mar 5 13:57:12 UTC 2007


На пон, 2007-03-05 во 14:39 +0100, Aleksandar Balalovski напиша:
> On Monday 05 March 2007 14:07:39 Igor Stamatovski wrote:
> > > Хрм...сега нема никакви коментари. Чудно :)
> >
> > 1. Па немаш информации од BSA?
> > 2. Не си кажал што заклучивте вчера на состанокот ?
> >
> > :)
> >
> > 3. ТОП за останатото!
> 
> BSA ништо не одговори. Затоа денес до околу 40тина битни медиуми и организации 
> со таква дејност испративме Соопштение до јавноста за запознавање на 
> проблемот.
> 
> Соопштението е објавено на сајтот:
> http://www.lugola.net/content/view/117/1/

Неколку забелешки:

- Пиратеријата треба во целост да се искорени и да се користи легален
производ...
Нашиот став е дека пиратеријата треба во целост да се искорени и дека
треба да се користат само легални производи.

Следната реченица може слободно да се извади пошто нема потреба ни
поента да се сложуваме со BSA за нешто а и не ни помага нешто посебно
ако стои во текстов.

- Со ова писмо ќе се обидеме да ја известиме јавноста..
Со ова писмо ја известуваме јавноста...

- како можност за употреба на легален софтвер е и слободниот софтвер,
Би било добро реченицава да се смени во целост со нешто како: Би сакале
да ја посочиме можноста за користење на слободниот софтвер, софтвер кој
што е легален, доаѓа со своја лиценца која што пак овозможува секој
бесплатно да го добие и користи овој софтвер. (Ја прочитав и реченицата
под ова, може двете заедно да се заменат со една појасна)

- Реченицата да не се потпаѓа под влијанието на злобната BSA нема да
биде сериозно сфатена. :)

- сметачки уреди? Ова никој нема да го разбере.
- Фали контакт од Лугола во соопштениево, валјда не сте го пратиле вака
и до медиумите..

Мислам дека треба малце посериозно да се пристапува кон вакви работи во
иднина, посебно ако се испраќаат до медиуми. Предлагам од сега па натаму
да го користиме викито за вакви и слични текстови кои што треба да
завршат пред очите на пошироката јавност.

Collaboration matters.

-- 
Арангел




More information about the Ossm-members mailing list