[Ossm-members] Пропаганда

Aleksandar Balalovski gemidjy at lugola.net
Mon Mar 5 14:04:34 UTC 2007


On Monday 05 March 2007 14:57:12 Арангел Ангов wrote:

> Неколку забелешки:
>
> - Пиратеријата треба во целост да се искорени и да се користи легален
> производ...
> Нашиот став е дека пиратеријата треба во целост да се искорени и дека
> треба да се користат само легални производи.
>
> Следната реченица може слободно да се извади пошто нема потреба ни
> поента да се сложуваме со BSA за нешто а и не ни помага нешто посебно
> ако стои во текстов.

Зошто? Ние не се сложуваме со BSA за пиратеријата, ние се сложуваме дека не 
треба да постои пиратерија воопшто. Значи поради тоа, препорачуваме користење 
на слободен легален софтвер;


> - како можност за употреба на легален софтвер е и слободниот софтвер,
> Би било добро реченицава да се смени во целост со нешто како: Би сакале
> да ја посочиме можноста за користење на слободниот софтвер, софтвер кој
> што е легален, доаѓа со своја лиценца која што пак овозможува секој
> бесплатно да го добие и користи овој софтвер. (Ја прочитав и реченицата
> под ова, може двете заедно да се заменат со една појасна)
>
> - Реченицата да не се потпаѓа под влијанието на злобната BSA нема да
> биде сериозно сфатена. :)

Никаде не пишува злобна БСА, пишува да не се потпаѓа под влијанието на тие што 
не им кажуваат дека постои алтернатива.

> - сметачки уреди? Ова никој нема да го разбере.

Сметачки уреди се сите уреди кои пристапуваат кон сметач или самите нешто 
сметаат...периферни уред, компјутерски уреди (пр. има и proprietary драјвери, 
нели?). Како сакаш речи, сметач=компјутер.

> - Фали контакт од Лугола во соопштениево, валјда не сте го пратиле вака
> и до медиумите..

А како мислиш ти дека со гулаб го праќавме? Преку е-пошта го пративме, на 
страната имаме форма за контакт, таму каде што е објавено има две датотеки во 
нив има контакт.. има контакт.

> Мислам дека треба малце посериозно да се пристапува кон вакви работи во
> иднина, посебно ако се испраќаат до медиуми. Предлагам од сега па натаму
> да го користиме викито за вакви и слични текстови кои што треба да
> завршат пред очите на пошироката јавност.

Посериозен пристап здравје. Да, ок можеби требаше да се отвори содржина на 
вики, али беше хитно, што знам...


-- 
Александар Балаловски
координатор на Група на корисници на GNU/Linux од Битола - Лугола
http://www.lugola.net && http://blog.gemidjy.info


More information about the Ossm-members mailing list