[Ossm-members] Стринг

Арангел Ангов ufo at linux.net.mk
Tue Mar 6 12:22:30 UTC 2007


На вто, 2007-03-06 во 12:58 +0100, Jovan Kostovski напиша:
> Предлози:
> 1. "Однеси го назад прозорецот"
> 2. "Однеси го прозорецот во позадина"
> 3. "Стави го назад прозорецот"
> 4. "Стави го прозорецот во позадина"
> 5. "Избери друг прозорец" (ова треба да е нешто како деселектирај го
> позорецот, ама не ми идат зборовите сега)
> 6. "Отсрани го прозорецот од фокусот"

Стрингот „Always on Top“ (кој што го прави спротивното, го става
прозорецот најгоре) е преведен како „Најгоре“, преводот е супер, краток
е и го кажува она што треба да го види корисникот за да разбере за што
се работи. Е сеа, според ова, како би се превело „Remove Window From
Top“..? Предлозиве на Чомбе се многу долги.. можеби може да се искористи
нешто како „Врати“..? 

Акција1 - го ставаш најгоре прозорецот со избирање на „Најгоре“ од
менито на прозорецот.
Акција2 - го враќаш прозорецот долу (или како што си бил претходно) со
избирање на „Врати“ од менито на прозорецот.

Сепак не сум убеден дека „Врати“ е најдобар превод, уште некој предлог?
-- 
Арангел




More information about the Ossm-members mailing list