[Ossm-members] Пиратерија ( беше Пропаганда )

Aleksandar Balalovski gemidjy at lugola.net
Sun Mar 11 18:05:16 UTC 2007


On Friday 09 March 2007 07:51:43 Новица Наков wrote:

> BSA е платена агенција. Прават како што ќе им платат/речат..
> Правење анти-пропаганда за BSA е исто како да се прави анти-пропаганда за
> рекламната агенција која ги брка работите за Coca-Cola, наместо за самата
> Coca-Cola inc. (Сепак ова не значи дека напорите треба да се насочат кон
> ругање на Microsoft corp.)

Тоа е точно. Само нека не се прикриваат со тоа дека се борат глобално против 
пиратеријата. Мене гајле ми е дали тие пропагираат ова или она, или какви се 
не договори потпишуваат. Ние ги застапуваме интересите на корисниците на 
слободен софтвер, на корисниците на компјутери, па имаат право да знаат.

> Со секоја минута потрошена на мрчење по блог/мејл за работи кои во суштина
> нема ништо да придонесат во заедницата се трошат man hours кои можеле да се
> искористат за нешто покорисно. На крај се знае кој губи (BSA не сигурно).

Ти ако мислиш дека ние трошиме време на мрчење и брмчење тогаш тоа е лошо. 
Лошо е поради тоа што настанува поделба. Не бараме соработка со директно 
учество, туку со поддршка, морална се разбира пред се. Со ова што го кажуваш 
значи дека она четивото што секаде го врзував како едно од најдобрите 
обасјнувања на ситуацијата во Македонија што настана по 2003та (Microsoft & 
Влада), „Како Македонија ја загуби својата софтверска невиност“, е тотално 
брмчење и трошење време. 

> Бројот на зборови потрошени во овие конкретни преписки, со уште малку труд
> можеше да се искористи за пишување на асални статии на мк.википедија на
> теми за слободен софтвер и сл. кои ќе беа достапни за растечкиот број
> сурфери во земјава.

Лугола во текот на следнава недела ќе организира Wikiтон, ќе објаснеме што ќе 
е тоа, а ако сакаш конкретно да се сосредочиме на реални активности и 
проекти, можеме да отвориме канцеларија и сите да работиме тоа, НВО сектор, а 
не тоа да ни е third party активност.

Поздрав



More information about the Ossm-members mailing list