[Ossm-members] Некои прашања за состојбата на НВО оССМ
Aleksandar Balalovski
gemidjy at lugola.net
Thu Mar 29 13:26:18 UTC 2007
Здраво,
кога бев Скопје на луѓето со кои бев да се видам (Стама, Миша, Новица, Дамјан,
Божидар) им кажав дека голема е веројатноста да се трансформираме во НВО или
да се формира НВО паралелно со Лугола. Идејата беше додека можеме да одиме со
соработка со постоечкиот НВО, оССМ значи.
Е сега, пошто Новица е претседател во заминување :) а гледам дека нема некаква
амбиција во заедницата за некој да направи појака НВО „Слободен софтвер
Македонија“ би сакал да ве прашам што ви е планот? Дали имате идеја за тоа
кој ќе биде следното раководство, дали НВО оССМ останува или ќе ја снема од
картата или ... ?
Ми требаат одговори поради следниве две точки:
1. ако оССМ останува, останува и соработката со неа, се надевам со поактивни
цели и идеи;
2. ако претходното е НЕ, тогаш ќе се формира невладин сектор од Битола; можно
е тоа да се стори и во случај да НВО-то во Скопје остане, меѓутоа во
спротивен случај сигурно ќе е така бидејќи, како што кажа Дамјан еднаш,
Луг-от се грижи за корисниците, НВО-то за техничко-административни прашања.
Некогаш осеќам дека ЛУГ-от го прави тоа сето сама, па мора да постои НВО
сектор во заедницата
Сакам мислење од повеќе членови на листа,
Поздрав
More information about the Ossm-members
mailing list