[Ossm-members] Vista презентација во Македонија

DZvonko Nikolov dzvonko7 at nerdshack.com
Fri Mar 30 00:45:16 UTC 2007


Информација:

Во сабота 31,03,2007 во ОУ „Сандо Масев“ во Струмица
 ќе се одржи саем на кој учениците од секциите ќе продаваат
производи кои сами ги изработиле. Средствата кои ќе се соберат ќе
се користат за набавка на опрема за децата со аутизам.

На иницијатива на мене и мојата сопруга и колешка Билјана,
двајцата наставници по информатика, во сабота на саемот ќе се
продаваат ЦД-а со софтвер по симболична цена од 100 ден.
На овие ЦД-а, покрај презентации за школото, едукативни клипчиња и
слики, ќе се најдат и Опен Офис 2,1 на македонски, Фајрфокс на македонски,
Тандрбрд на македонски и друг слободен софтвер (не на македонски).
Покрај ова ЦД, кој ќе си донесе желба и празно цд ќе му се нареже
(бесплатно) и Убунту 6,06 или некој друг Линукс. Омотите ќе ги прават
учениците од ликовната секција, така да секое ќе биде уникат.
Идејата е од ЦД-то „Заврши си работа“ на кое имаше нешто слично.

Целта е во ОУ да се информираат и упатат децата дека имаат алтернатива
и дека секој има право на избор. Како во користење на ОС, на офис пакети
и алатките. Се надеваме дека овие верзии на македонски, попрво ќе ги
користат нивните родители отколку децата, бидејки родителите се слаби со
англискиот. А сега имаат алтернатива на македонски. Ние на часовите,
во текот на наставата го промовираме Убунту и Опен Офис. Сега имаат
прилика да си купат ЦД со македонска верзија. Целта е СС да влезе во што
повеќе домови.

Ова е колку да се знае. Секој се бори колку може и како може.

Друго, Нема потреба од натегање за НВО-то. Секој може да формира НВО.
Не е тоа целта. Се цепка членството, се губат целите, секој тегне на 
своја страна,
кога сме малку за ништо не не бива, не можеш да сметаш на луѓе кои требаат,
работат, да набројувам уште? ОССМ е позната. Само треба работа да се 
промовира
ОССМ и неговата работа. Повеќе работа. Многу работа.

Поздрав
Ѕвонко Николов




More information about the Ossm-members mailing list