[Ossm-members] Vista презентација во Македонија

Misa Popovik popmisa at gmail.com
Fri Mar 30 20:36:35 UTC 2007


> Хмм... ова ми изгледа како лоша идеја од сите нас...

Стојанче, понеси ги флаерите.

Дечки, некогаш е добро да се има афирмативен пристап, некогаш не. Не знам од 
кога ја следите состојбата, но Мајкрософт Македонија, а веројатно и 
Мајкрософт насекаде, води негативна кампања против слободниот софтвер.

Прв пример е името на алатките за проверка на легален софтвер. Тие се викаат 
Free Software Audit Tools, што на неупатениот му укажува дека проверува дали 
има „слободен софтвер“ на системот.

Второ, канцеларијата на Мајкрософт овде, постојано подметнува нарачани 
текстови, каде или се оцрнува заедницата или се промовира нивниот софтвер 
како _единствено_ решение.

Мајкрософт на светско ниво постојано води војна со дезинформации против кампот 
на слободен софтвер.

Е сега, прашањето што се поставува не е дали да му се врати на ист начин. 
Прашањето што секој од вас треба да си го постави е дали сметаме дека 
слободниот софтвер е само подобар софтвер, или слободниот софтвер е во исто 
време и правилен начин како да се креира софтвер.

Со ова не сакам да кажам дека афирмативната акција е полоша или подобра, туку 
дека има место и за двата пристапа во кампањата, и дека предлогот на Стојанче 
е исто токлу добар колку и оној на Гоце и тие не се исклучиви.

поздрав
Миша 


More information about the Ossm-members mailing list