[Ossm-members] Vista презентација во Македонија

Новица Наков novica at bagra.org
Sat Mar 31 07:17:27 UTC 2007


Одговоров важи за сите подолу...


> Флаерот е тотално промашување. Во флаерот не треба да стои ниту еден дел
> протов Виста. Колку повеќе го спомнуваме името на противникот било тоа во
> добар или лош контекст толку поголема реклама му правиме. Пристапот е
> промашен 100%

...но, прво педагошки за Виктор: и да е промашување флаерот реакцијата воопшто 
не ти е на место. Флаерот го направило дете од основно одделение кое (за 
разлика од многу други постари овде) многу се труди и работи околу слободниот 
софтвер. Стојанче треба да го охрабриме и постојано да го охрабруваме. И да 
се надеваме дека ќе има уште како него, бидејќи тоа еден од поважните докази 
дека работата што е направена во минатите години вродила плод. Стојанче 
извини што те споменувам во вака - но мораше.

За другите работи, можеме да дебатираме со години дали е потребен ваков или 
онаков пристап во некаква активност. Се сложувам дека е валидно прашање, но 
не е особено корисно еден ден пред самиот настан. Макар и биле лоши флаерите, 
сите требаше да застанете зад активноста, бидејќи некој мора да им објасни на 
луѓето што нечини со Vista (без разлика на слободниот софтвер): дрм, еула, 
итн. 

Понатаму, жално е да се читаат 20 пораки со содржина требаше вакви флаери, 
требаше онакви флаери. Да се направи флаер со текст потребни се 15тина 
минути. Значи секој што мислел како треба можел да направи по некој флаер. Да 
се направат флаери на А6, значи по четири на А4, со 100 денари фотокопирање 
ќе сте имале 400 флаери (хм, ако се уште важи ова денар-страница). 10 луѓе по 
толку = 4000 флаери. 

Така, наместо чмаење по мејлинг листа сите да шкртнеле во gimp нешто сега на 
плоштат ќе имаше доволно и афирмативни и неафирмативни флаери. Но - нема!

Не сум многу расположен за правање rant-ови, да бев ќе ви мрчев дека ова тука 
што се направи е намерна саботажа. 

Денов е убав за спиење....

-- 
Новица

An eye for an eye
makes the whole world blind.



More information about the Ossm-members mailing list