[Ossm-members] во ниш ништо нема да се случи

Jovan Kostovski chombium at gmail.com
Wed May 9 16:24:14 UTC 2007


Здраво,

Сега идам од железничка/автобуска...

Има варијанта да извадиме групна карта за воз.
Треба минимум шест лица да одиме и да на правиме
список на лицата што патуваат.
Списокот треба да има име, презиме и датум/година на раѓање
на тие што патуваат, и да има име и печат од организацијата.
Ќе пратам врска до ваков документ од дома, чисто како урнек
да види тој што ќе го прави списокот (у ствари тој што го има
печатот треба да го направи списокот).
Ако патуваме вака (групна карта) цената на повратна карта е 630 денари.
Би тргнале во сабота во 06:15, a воз за назад од Ниш во недела има во 18:00
Ова е најевтината и најдобрата варијанта.

Згодно е да испиеме едно пиво утре за да собереме пари и да ја средиме листа,
за да купиме карти во петок.

Полошата варијанта, патувањето со автобус е:
Автобусот што оди за Ниш во 07:45 e на Ниш Експрес, а истата фирма има
автобус за назад од Ниш за Ск во 17:00. Цената за повратен билет е 850 денари.

ПОЗДРАВ, Чомбе


More information about the Ossm-members mailing list