[Ossm-members] Нова група на корисници на GNU/Linux во Прилеп
Kiril Dimeski
dkire at taratur.com
Thu May 24 08:34:24 UTC 2007
Како резултат, на потребата од слободен софтвер на координаторот на
групата на корисници Лугоп, на 4 Февруари 2007 година се одржа првиот
состанок на групата на корисници.
На состанокот беше едногласно речено дека групата треба да се нарекува
Лугоп (GNU/*L*inux *U*ser *G*roup *o*f *P*rilep) и дека групата треба
да се залага да им помага на корисниците на слободен софтвер, да не шири
расна, верска, национална, полова дискриминација. Групата е формирана
да соработува, да доработува, да стекнува пријателства, да обучува, да
шири слобода......
Групата е во постојан развој, за најкраток можен рок треба да
изработиме веб сајт кој ќе работи на CMS Joomla.
Групата е поделена на 3 дела :
* Собрание на членови, со еден претседател
* Координација, со еден координатор, еден секретар и благајник
* Сектор за прооаганда и инсталација на слободен софтвер, со еден
координатор, еден заменик координатор и советник
Досега имаме реализирано две активности и тоа :
* 2 предавања за GNU/Linux iи FLOSS во СОЕПТУ„Кузман Јосифоски - Питу“
Прилеп, во групи по 15 учесници
* предавање за GNU/Linux iи FLOSS во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп
Планирани активности на групата се :
* Ден на Линукс во Прилеп
* Обука на 30 НВОи за користење на слободниот софтвер, канцелариски
пакет OpenOffice.Org
* Презентации за слободен софтвер
* Активност за спроведување на компјутерски курсеви за GNU/Linux
* Предавања за инсталции на GNU/Linux
* Сертификација на партнерите кои ја поддржуваат групата
Досега имаме склучено пријателство со LUG "Лугола" и НВО „Скорпион“
Прилеп, со кои заедно ќе ги остваруваме нашите активности
More information about the Ossm-members
mailing list