[Ossm-members] Предлог

Bozidar Proevski bobibobi at freemail.com.mk
Wed May 30 16:42:49 UTC 2007


Во среда 30. мај 2007 17:16 Дамјан Георгиевски напиша:
> >> Според тоа, неможе да има бранување, моменти, „криза" (ова од Ерол ми
> >> е, многу хушка) и сл.

Патем, ова „криза“ е прејак збор...дискусии е подобар.

> И?? Некој ги тепал тие луѓе да не си кажат што ги мачи???
> Или ги тепал некој тие луѓе да не го направат тоа што треба поинаку да се
> направи или подобро???
>
> Ај баш ме интересира за што станува збор... по можност по точки
> 1.
„Нетранспарентност“ - нешто за што и мене ми забележаа, делумно со право...
„Треба на листа да се објави кога ќе излезе новата верзија на КДЕ, новата 
верзија на ОпенОфис...“.
Треба на листата да се (об|на)јави за настани што ја тангираат 
_организацијата_, пример разни состаноци, средби со фирми, а не
„Ние отидовме, ние бевме, ние решивме...“. Притоа објавување со нова порака, а 
не offtopic одговор на некоја нишка. Одговор на ова во стилот „Ќе има и други 
состаноци, средби“ __не се важи__ . Аргументирањето за статутот што го даде 
Дамјан на последното СподелиЗнаење е валидно, ама принципот не е. Значи 
подобро е „ПОСЛЕДЕН ПОВИК ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА СТАТУТОТ“, отколку „Нешто ЦД-а, на 
коцка кај фонтана, ова, она..“. За жал, бидејќи во моментов не можам да ја 
најдам пораката, го парафразирам насловот. Ама не сум многу далеку.
(А и кога има соопштенија пред настанот, обично се _два, три дена_ пред. Лоша 
работа, и мене ми се има случено еднаш така што и себеси се критикувам. Ама 
барем не беше „Ние направивме“ туку „Ќе правиме“)
> 2.
Пример (не се фаќајте за него како слеп за стап):
Пр. Еј како би било да ставиме нешто друго наместо ФлајСпреј?
Одг. НЕ МОЖЕ! Овој ни е супер.
Пр. Абе да пробаме да видиме.
Одг. НЕ!...
(Не дека ФлајСпреј е најлошиот или нефункционалниот... Пример мене ми ПРЕЧИ 
логото...)
(Башка активни категории таму се за Мозила ФФ, ТБ и за вебстраницата. 
Пријавува некој нешто за другите? Знам дека кога се појави првата пријава за 
КДЕ (Глиша, за „добродојдовте“), се пријавив за одговорен. Оттогаш ни една 
е-порака не е стигната до мене. Ова е критика до заедницата (и евентуално до 
администраторите?)...)
> 3.
На последното СподелиЗнаење дојде Митко Вета, студент на ФЕИТ, со спремна 
презентација за виртуелизација со qemu и готови функционални вирт. машини. Си 
замина помалку разочаран и со коментарот „Ќе помислам дали уште еднаш да 
дојдам“...
> ...
4. 
Како стои ОССМ со мрежни ресурси? Јас постојано го притискам Игор за 
terminologija.org.mk, а тој ми вели дека им треба svn-сервер, а немаат. Некој 
спомна централно место за локализација, кај ќе биде тоа хостирано?
До кај е работата со таа машина што требаше да биде сервер? Еве ЈАС се нафаќам 
да ја средам со виртуелизација со Xen. (Во Centos, ако не ви пречи)
5.
Несериозност на листата (ова го слушнав од личност која само ја набљудува 
листата)... Јас не се согласувам целосно, ама има моменти...
...

Поздрав Боби


More information about the Ossm-members mailing list