[Ossm-members] Националната стратегија за унапредување на остварувањето на авторското право и сродните права

Дамјан Георгиевски penguinista at mail.net.mk
Sun Nov 25 03:46:08 UTC 2007


> Мин. за култура изработува оваква стратегија. Драфтот е тука:
> http://www.copyright.gov.mk/
>
> Официјално е побарано од Слободен софтвер Македонија да даде свое мислење и
> како и обично секој од листава може да се произнесе, па да видиме дали може
> да собереме некои интересни ставови.

Од набрзина разгледан текст гледам дека претежно се предлага поголема 
регулација и контрола. Дури и на самиот почеток, во преамбулата некако ми 
недостига делот „Поаѓајки од интересите на граѓаните и слободниот пристап до 
културата..“. Понатаму во целиот текст преовладува некој концепт:
а) обврски од странство
б) создавањето посотои само поради директен финансиски интерес, не постои 
друга причина

Добивам чувство дека ја губиме битката за слободна култура.

Неколку точки кои ми фатија око

5.2 Спроведување процедура за основање и работа на нови и постојни здруженија 
за колективно остварување на АПСП
превод: сѐ што било нерегулирано да го регулирaме, сѐ што било неконтролирано 
да го контролираме.

7.2 Награди за пријавени повреди на АПСП 
ова порано го плаќаше БСА, сега изгледа државата треба

7.4 Национална програма за културата
интересен пасус, приказна сам за себе

11.1 Договори/протоколи и други инструменти за соработка
БСА пак.. интересно, зошто не CreatиveCommons

12.3 Одлука за висината на вкупниот надоместок за репродуцирање на авторско 
дело за приватно копирање

-----

најдете го натрапникот :)

При изработката на Предлог - Националната стратегија беа земени предвид 
конкретните предлози од Министерство за образование и наука, Советот за 
радиодифузија, Јавно обвинителство на РМ, ЗАМП, Секретаријатот за европски 
прашања, адвокатската канцеларија Пепељугоски, Македонска авторска агенција, 
Стопанска комора на Македонија, Правен факултет “Јустинијан Први“, Државен 
завод за статистика, Министерство за правда, како и други служби. Во поглед 
на фискалните импликации, конкретни предлози беа добиени од Јавно 
обвинителство на РМ, Министерство за економија - Државен пазарен инспекторат, 
Министерство за правда (посочување на НПАА), Министерство за финансии.




-- 
дамјан ( http://softver.org.mk/damjan/ )
http://wiki.lugola.net/wiki/Вечна_TO-DO_листа



More information about the Ossm-members mailing list