[Ossm-members] Националната стратегија за унапредување на остварувањето на авторското право и сродните права

Misa Popovik popmisa at gmail.com
Sun Nov 25 19:31:33 UTC 2007


> недостига делот „Поаѓајки од интересите на граѓаните и слободниот пристап
> до културата..“. Понатаму во целиот текст преовладува некој концепт:

Добра идеја, но мислам дека треба да стои и во „Со цел“ секцијата.

> 7.2 Награди за пријавени повреди на АПСП
> ова порано го плаќаше БСА, сега изгледа државата треба

Мислам дека треба да го потцртаме ова како неприфатливо. Државата нека си 
постапува по тоа што го налага законот, но мислам дека приватните асоцијации 
треба да организираат такви „наградни кампањи“

> 7.4 Национална програма за културата
> интересен пасус, приказна сам за себе

Да. Интересно е како целиот пристап во стимулација на творештвото и неговата 
дистрибуција во контекст на авторските права го дефинираат во рамки на борба 
против „пиратеријата“. 

Тука мислам дека е значајно да се додаде дека таквиот пристап е погрешен и 
стимулацијата треба да биде предмет на културна политика во сосема поинаков 
контекст, насочен кон промоција на јавниот интерес а не заштитата на 
авторските права.

Ако веќе се размислува за поттикнување на творештво во контекст на авторските 
права, тогаш посебниот статус треба да го имаат оние кои ќе издаваат 
користејќи слободни лиценци, бидејќи овозможуваат лесно пропагирање на 
изворниот материјал и мултипликација на културното творештво поради 
отвореноста (можеме ова да го ставиме во забелешките). Според оние кои се 
против пиратеријата, copyright: all rights reserved е доволно добар бизнис 
модел, така да можат да имаат секундарен третман при стимулацијата.

> 11.1 Договори/протоколи и други инструменти за соработка
> БСА пак.. интересно, зошто не CreatиveCommons

Ова мора да се додаде. И не само КК...

> 12.3 Одлука за висината на вкупниот надоместок за репродуцирање на авторско
> дело за приватно копирање

Ова е исто интересно. Може да разгледаме како е во другите земји, но мојот 
предлог е и да се размислува во следнава насока:

Бидејќи веќе во оваа смисла се наплатуваат давачки на празни медиуми и опрема 
за снимање(1), евентуален нов надоместок за приватно копирање би бил нефер и 
дуплицирање на давачките. Покрај основниот проблем со (1) и идиотската 
концепција на оваа идеја постои уште една колизија со слободните лиценци кои 
пак го дозволуваат тоа снимање без притоа да бараат надоместок. И покрај ова, 
корисникот плаќа надоместок без никаква потреба.

Треба да бараме или:

1. Измена на досегашниот закони и бришење на одредбите што го предизвикуваат 
(1) бидејќи наплатуваат a priori и не за фактички настаната состојба на 
снимање за кое се бара надоместок туку воопшто се наплаќа;

или

2. Отфрлање на предлогот за формирање на цени и здруженија за правење на 
приватни копии.

Како и да е, предлогот 12.3 во суштинска смисла на постоечките закони е во 
колизија со регулативата бидејќи ако веќе сум платил за приватна копија имам 
право да ја направам и тоа е цената што сум ја платил - ништо повеќе од тоа.

Тоа засега... ќе го препрочитувам пак деновиве...

Миша 



More information about the Ossm-members mailing list