[Ossm-members] Проблем со $QTDIR
Дамјан Георгиевски
penguinista at mail.net.mk
Fri Oct 19 12:48:02 UTC 2007
> ме заебава нешо QTDIR у последно време
> [maki at archer ~]$ echo $QTDIR
> /opt/qt4
> [maki at archer ~]$ export QTDIR=/opt/qt
> [maki at archer ~]$ echo $QTDIR
> /opt/qt
> [maki at archer ~]$
>
> Тука е све ок, и ќе исклучам терминалот и ќе уклучам нов, и ми вади ова
>
> [maki at archer ~]$ echo $QTDIR
> /opt/qt4
> [maki at archer ~]$
Ништо не те заебава QTDIR, така се однесуваат сите environment варијабли.
Environment варијаблите се наследуваат од родител-процес на дете-процес, но не
и обратно. Во твојот случај родителското дрво ти изгледа отприлика вака
(упростено):
КДЕ
└ Konsole
├ Bash 1
├ Bash 2
└ итн..
ако смениш нешто во bash 1 тоа си важи за bash 1 и за неговите деца, на пр.
ако старташ некој програм од тој shell, но не важи за ниеден друг процес,
ниту пак се запишува таа промена некаде трајно.
И конечно кое е значењето на export. Без export environment варијаблата нема
да се пренесува на децата на bash, туку ќе важи само во таа bash инстанца.
Тоа е корисно за интерните варијабли за bash, или да си запамтиме нешто во
самиот bash а не ни треба да се пропагира понатаму. Примери ($PS1, $OLDPWD
итн може да се видат во man bash).
--
дамјан ( http://softver.org.mk/damjan/ )
http://wiki.lugola.net/wiki/Вечна_TO-DO_листа
More information about the Ossm-members
mailing list