[Ossm-members] splash screen за cd-то во windows

Bozidar Proevski bobibobi at freemail.com.mk
Sat Sep 1 18:13:08 UTC 2007


On Saturday 01 September 2007 13:19:45 Новица Наков wrote:
> моментално вака изгледа

Мои забелешки

1. „...при стартување да го вчита дискот“
  предлог „...при стартување да се подигне од дискот“ или
  предлог „...да го вчита дискот при стартување на компјутерот.“

Кога ќе се кликне долу десно на икончето со извичникот се отвора нов прозорец 
со информации

2. „...Ја користи Gecko технологијата...“
  предлог „...Ја користи технологијата Gecko...“
3. „...исто како и страните на интернет...“
  не страните туку страниците.
4. „...Фил Харепр...“
  Харпер?
5. „...заслжужни...“
  заслужни
5. „...донацијата на 5000 дискови...“
  предлог „...донацијата од 5000 дискови...“
6. „...како за економскиот така и за социо-етички контекст...“
 предлог „...социо-етичкиот контекст...“

7. Кога ќе се отвори прозорецот со информации, текстот од насловот „За дискот 
за Денот на слободниот софтвер 2007“ се преклопува.

Поздрав Боби


More information about the Ossm-members mailing list