[Ossm-members] дискусија за јазикот на филолошки

Bozidar Proevski bobibobi at freemail.com.mk
Fri Apr 18 18:34:03 UTC 2008


On Friday 18 April 2008 18:30:05 Новица Наков wrote:
> подолу е записникот од споменатата дискусија. од мене побараа дополнувања и
> идеи доколку има. јас барам од овде доколку некој од видните локализатори
> има што да каже.
>
> -->
>
> ЗАПИСНИК СО ЗАКЛУЧОЦИ ЗА ОДРЖАНА РАСПРАВА
>
> ЈАВНА РАСПРАВА: МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ИНФОРМАТИЧКАТА КОМУНИКАЦИЈА
>
> ...
>
>       Потоа следеа излагања на посредувачите на оваа трибина: проф. д-р
> Зозе Мургоски, Мила Шопова и Николче Мицкоски. Зозе Мургоски во своето
> излагање се задржа на различните јазични нивоа на кои треба да им се
> посвети внимание при локализирањето на софтвери.

Што подразбира Зозе Мургоски под „јазични нивоа“?

> Тој наведе и лични примери 
> за проблеми со кои тој и неговата екипа се судриле при локализирањето,
> поточно преведувањето на производот на Мајкрософт, Виндоус виста.

Дали се некаде објавени решенијата на тие проблеми, за да не мора другите да 
ги решаваат отпочеток?

> масовна комуникација како тродимензионалниот свет на Секнд лајф. Николче
> Мицкоски подетално ги опфати проблемите со предавањето на македонското
> кирлиско писмо во информатичката комуникација со осврнување на отсуството
> на претставени знаци во системските фонтови и фонтовите општо, за дел од
> графемите во македонското писмо.

Кои знаци се конкретно отсутни и што всушност недостасува?

> дека отсуствува координираност во делувањето во оваа област. Д-р Александар
> Петровски ги запозна присутните со компјутерски јазични ресурси за
> македонскиот јазик и проблемите што се јавиле при нивното развивање.

offtopic: Koj e д-р Александар Петровски и кои се ресурсите?

> Проф. д-р Вено Пачовски од Градежниот факултет во Скопје 
> презентираше систем модел за дигитализација на македонскиот јазик и посочи
> дека присуството на македонскиот јазик на интернет е уште еден сегмент на
> неговата целосна легитимизација.

offtopic: кој е систем-моделот на проф. д-р Вено Пачовски?



>       Имајќи го предвид изнесеното во текот на расправата, може да се
> изведат следните заклучоци:
>
>     * треба да се овозможи и изнајде начин непречено да се употребува
> македонското кирилско писмо; тоа подразбира дополнување на системските
> фонтови со графеми од македонското кирилско писмо што не се застапени во
> информатичката комуникација;

Кои знаци се конкретно отсутни и што всушност недостасува?

>     * поголемо внимание треба да се посвети и на севкупниот процес на
> јазично одомаќинување на софтвер како во насоки на заложби за промовирање
> на идејата за таа постапка, така и во запознавање со важноста за
> унифромирање на постапката, од метод на преведување до задолжителна
> лектура;

Дали за проекти што се преведуваат на волонтерска база (пр. разни слободни 
софтвери) и задолжителната лектура ќе биде правена од лектори-волонтери?? И 
кој би ги задолжил лекторите-волонтери да ја работат лектурата?? 

>     * поголемо внимание треба да се посвети на јазично одомаќинување на
> слободниот софтвер во Македонија, оттука и да се поддржат организациите што
> се активни во таа сфера, преку воспоставување различни видови соработка
> меѓу нив и образовните и истражувачки институции што имаат капацитет на
> различни начини да помогнат во процесот на одомаќинување (од областа на
> јазикот и технологиите);

Со ова од етички и философски аспект се сложувам, но не и од легално-правен. 
Не може физичките и правните субјекти да се „задолжуваат“ да работат со 
слободен софтвер. (Може да збориме за слободни формати и протоколи и 
укинување на софтверските патенти, ама тоа е тема за друга дискусија)
Мојата формулација би била
„* поголемо внимание треба да се посвети на одомаќинување на македонскиот 
јазик во софтверот во Македонија“.


>     * да се изработи поимник на инфроматичко-комуникациска терминологија
>     * формирањето на електронски јазичен корпус треба да биде приоритетна
> активност;
>     * треба да се искористат сите можности што постојат за финансиска помош
> и од домашни и од странски фондови, а за реализација на предлог-проекти што
> би произлегле од заклучоците .

Со последните три точки се согласувам (дури може да се вклучиме со техничка 
помош за поимникот и корпусот), но се прашувам дали Мајкрософт (македонскиот 
огранок) и другите такви фирми ќе имаат предност при добивањето финансии за 
реализацијата (а тие и онака имаат пари земени од граѓаните). 

Сакам да кажам дека би требало да се нагласи потребата од финансирање на 
волонтерските проекти, особено оние што имаат поголема важност. Први примери 
се ОпенОфис, Firefox и Thunderbird (последниве две имаат голема потреба од 
лектура), веднаш после нив КДЕ и ГНОМ.



Поздрав Боби



More information about the Ossm-members mailing list