[Ossm-members] дискусија за јазикот на филолошки
Дамјан Георгиевски
penguinista at mail.net.mk
Fri Apr 18 19:50:11 UTC 2008
>> Имајќи го предвид изнесеното во текот на расправата, може да се
>> изведат следните заклучоци:
>>
>> * треба да се овозможи и изнајде начин непречено да се употребува
>> македонското кирилско писмо; тоа подразбира дополнување на системските
>> фонтови со графеми од македонското кирилско писмо што не се застапени во
>> информатичката комуникација;
>
> Кои знаци се конкретно отсутни и што всушност недостасува?
Претпоставувам се мисли на ѐ и ѝ кои ги нема во скоро сите фонтови на Windows
XP и порано, а ги има во DejaVu фонтовите. Исто така постои и проблемот со
italic варијантите кои се секогаш руски а не македонски.
>> * поголемо внимание треба да се посвети на јазично одомаќинување на
>> слободниот софтвер во Македонија, оттука и да се поддржат организациите
>> што се активни во таа сфера, преку воспоставување различни видови
>> соработка меѓу нив и образовните и истражувачки институции што имаат
>> капацитет на различни начини да помогнат во процесот на одомаќинување (од
>> областа на јазикот и технологиите);
>
> Со ова од етички и философски аспект се сложувам, но не и од
> легално-правен. Не може физичките и правните субјекти да се „задолжуваат“
> да работат со слободен софтвер.
кај пишува „задолжуваат“?? Ваљда идејата е да се подржи локализацијата на
слободниот софтвер - не за друго туку дека тоа може да се направи. Adobe и MS
и да сакаш не можеш да „помогнеш“ да се локализираат, не?
ps.
Новица очигледно нема да може да ти ги одговори прашањата, единствено останува
да направиме концепт што ние сакаме и што ни треба.
--
дамјан ( http://softver.org.mk/damjan/ )
http://wiki.lugola.net/wiki/Вечна_TO-DO_листа
More information about the Ossm-members
mailing list