[Ossm-members] Неколку важни работи за СподелиКино и предлог за идната недела

Biljana Kochoska biljana.kochoska at gmail.com
Fri Feb 1 16:25:33 UTC 2008


On 2/1/08, Misa Popovik <popmisa at gmail.com> wrote:

> Проблем е во тоа што доколку не зборуваме за слободна култура, не можеме да ја
> прошириме слободната култура. Оттука, граница на проширувањето на темите е
> секогаш врската со тоа што значи слободна култура, кои се теми поврзани со
> слободна култура, актуелни прашања од меѓународната дебата за слободна
> култура...

Неколку пати веќе зборував, ама очигледно не бев сфатена. Значи постои
разлика меѓу дефинирање на одредена појава и практицирање на истата.
Едно е да кажеш што е слободна култура а друго да покажеш.
Луѓето многу полесно ги сфаќаат концептите преку примери и тоа секогаш
е најдобриот начин.

Ние со тоа што би направиле секој да учествува во сподели кино, да го
споделува тоа што го цени и сака со другите и да учествува постојано
во таа жива размена, многу подлабоко во него ќе ја зацврстиме
убеденоста и тежнеењето кон слободната култура, па дури и да не ги
знае сите дебати, концепти, дефиниции и актуелни прашања околу тоа.

Делот со дефинициите и теоријата јас предложив да биде како локумче уз
кафето. Значи да се делат флаери за време на проекциите, да се делат
цд-а и туторијали за слободен софтвер, да се пуштаат кратки интроа во
врска со тоа или нешто поинтересно ако се смисли.

> Што се однесува до правопропорционалноста... на погрешна мејлинг листа го
> напиша ова... ;-) Толку гикови и треки фанови има на оваа листа што
> претпоставувам дека за нив непознатото е обратнопропорционално на
> неинтересното. :-)

Сподели кино не е ЗА луѓево на листава, туку многу повеќе ОД луѓево на
листава, тие веќе многу добро знаат што е слободна култура.

Друго. Колку што знам јас, бар на тие гиковски сподели кина што сум
била или слушнала за нивно одржување повеќе од пола од луѓето тоа веќе
го гледале, а се' на се' нивниот број не надминувал 15. (поправете ме
ако грешам).

Трета работа. Еден дел од видеата што се пуштале се достапни на
интернет, а многупати и во самата најава имаше линк до видеото или
како да се дојде или симне видеото, што би го намалил интересот кај
публиката. Чим може да го гледа дома зашто да ѕемне во Точка.

И во врска со интересноста. Не лупетам од мал мозок. За тоа како
функционира човековата психа цел факултет сум завршила.
Тие што се интересираат за гиковските нешта се доста запознаени со таа
бранша т.е. гикови. Тоа е позната за нив територија и ги интересира.
Тоа што е непозната за многумина не менува ништо во ситуацијава.

Значи сепак те интересира тоа што ти е познато. Се кладам дека тебе не
би те интересирал филм за тоа како се слави некој празник манастирот
во Берово. (Претпоставувам дека не ти е познато ова :)

Исто може да те заинтересира нешто за што бар малку си слушнал и имаш
минимални бар информации да те заинтригира и секако бар на некој начин
да е поврзано со твоите интереси.
Но нема никакви, или има незначителни шанси да те заинтересира нешто
со што немаш благе везе. Еве јас се кладам дека


-- 
Bi


More information about the Ossm-members mailing list