[Ossm-members] nsnd Битола , пролет 2008

Igor Stamatovski igor.stamatovski at gmail.com
Sat Feb 2 18:53:37 UTC 2008


2008/2/2 Aleksandar Balalovski <gemidjy at lugola.net>:
> Ок, време е да го реализираме тоа што го планиравме во Пула и пред тоа :)

Rejoyce! Gemidjy is back!

> Е вака сеа, со оглед на то шо во Битола и од Битола знам дека нема кој да
> помогни околу организацијата, сите ги боли ташакот лев, јас ќе се обидам да
> го збркам сето ова. Потребно ни е:

Гемиџи ја се пријавувам да ти помогнам за ова, а претпоставувам дека и другите
ќе се придружат. Значи идејата јас што ја имам, е НЕ ти да збркаш се
него пошто ти
си асли битолчанец, и најзапознаен со конфигураци на „теренот" да ги
доставиш потребните
информации што, како и зошто па заедно би требало да го збркаме настанот.

Вики страницата е дигната
http://wiki.lugola.net/NSND_BT

Па сите ќе ја попуниме.

> 1 просторија
>    1.1 Проектор
>          1.1.1 Ако нема проектор треба табла онаква за со маркер шо се
> бриши... иам таква ама малечка е (1х0.5м)
> 2 интернет
> 3 исхрана/спиење
>
>
> Јас ќе се обидам да го средам делот 1 и 1.1, како и да се обидам да обезбедам
> бесплатно јадење и спиење за гостите од Хрватска, Босна, Србија и Македонија
> кои ќе остануваат Битола. Веројатно ќе бидеме во Трново/Магарево (веднаш под
> Пелистер, првото село (кај црквата на патот за Пелистер)), кое, од логистичка
> гледна точка, гледа накај Битола (за broadband). Проектор можеби дотогаш ќе
> се купи, ако не ќе најдам од некое школо. Периодот предлагам да е напролет.
> Со оглед на тоа шо дотогаш ќе иам дипломирано, ќе се оддадам целосно на
> собирот.

Проектор најверојатно ќе имаме, што подразбираш под „обезбедување" на
јадење и пиење
знаеш дека во Пула муабетот беше , there is no such thing as free lunch :).
Објасни го ова, кој ќе даде пари, зошто и како.

Имаме договор со МАСИТ и со ИКТ комора може треба и они да искамчат
нешто, иако не
треба да се надеваме на тоа.

Ни треба просторија некоја на факултетот или сл за двата дена да се собереме,
ледина некоја за ако се игра фудбал или сл. Јас би сакал и накај
Пелистер да се качиме
во неделата од сабајле, пошто пределот е супер.

> настанот...може да ги искористиме гостите ако дојдат, од Мама да ги однесеме
> на некоја ТВ or something :)) не е тоа толку битно.

Marcell ти е сигурен за ова. Него обрати му се

> Исто, гостите се тие што се, значи Хрватска, Босна&Херц., ЦрнаГора?, Србија,
> Косово :), ако сакате да ги поканиме и тие дечките од Унгарија шо ги
> запознавме Пула? Едниот е ѕвер и еден од најквалитетните хакери што ги
> запознав досега (после Ака, хехе)...и се разбира ние македонците, пошто кога
> се работи за собири и дружба барем тогаш сме сите во група (и за жал само
> тогаш Лугола е група), ќе не има прилично...

Зошто да ги поканиме унгарците, само не знам дали ќе дојдат. Подобра
идеја е да имаме
некои луѓе од Бугарија. Знам дека имаше некои контакти коа бевме јас и
Дамјан таму
ама неам ни маил ни ништо, ако ти или Чомбе имате не е лошо да ги
поканиме, блиску се
и можеби ќе дојдат.

> Ние мора да сме спремни на некои работи сепак: да си го платиме сами спиењето
> и јадењето (што не би требало да е проблем) и да заминеме на следното НСНД во
> Сплит? :)

Не е проблем тоа.

> И една бизарна идеја: дали да правиме БАШ НСНД или да направиме 3 дневен
> хакерски самит :)) Или фестивал на слободен софтвер во Битола? Или
> Конференција? Па успат да направиме и НСНД (како Пула)..?

Не ти е лоша идеја ова, и онака размислуваш во насока на она што и
друите сме го
размислуваме.Може да се договриме и настанот да  почне во четврток за
македонската екипа,
пошто и онака зборевме да одржиме кикстарт еден.

Да видиме до кај сме, кој сме, што сме и кај одиме :)
А и да сработиме нешто од онлајн проектите што ни стојат незавршени.
Предуслов за ова ни е интернет. Така ќе можеме и тебе да ти помогнеме
околу организацијата.
А најверојатно и една недела претходно или уште наредната недела можеби е
згодно да дојдеме и да ги разгледаме местата таму. Ова се предлози па гласајте..

-- 
Igor


More information about the Ossm-members mailing list