[Ossm-members] суспензија за убунту?

Nikola Vanevski nvanevski at gmail.com
Mon Feb 4 05:25:48 UTC 2008


Поздрав до сите! Долго време многу работи не успеваа да ме испровоцираат.
Посебен поздрав до професори кои ја следат листава, што многу ме радува.

Ѕвонко, се слагам со тебе за голем дел од работите кои ги наведе, и
убаво е да се размислува со ладна глава и секој да си ја гледа својата
работа. Не се слагам - и мислам дека треба да ги преиспиташ - следните
ставови:

2008/2/3 DZvonko Nikolov <dzvonko7 at nerdshack.com>:
>
> Петто, учи ги учениците тоа што се бара од тебе. Технологија, техника,
> концепти, алгоритми, компјутери, програми,
> вредностите на кои ќе се учат учениците оставете ги на стручни лица и
> наставници кои тоа им е струка.
> Време е ние во МК да престанеме да се мешаме секаде и да се правиме дека
> се' знаеме. Доста бевме сезнајковци.
> Секој нека си го работи тоа што му е работа и за тоа што е обучен и
> образуван. И компетентен.
> И после ми е криво кога маалскиот „компјутерџија" ми соли памет за
> „нови" пентиуми и линукси, а по струка е
> автомеханичар кој работи како бербер и ми „држи предавања" кога ме бричи.

Не треба да заборавиш дека учениците, а посебно средношколците,
огромен дел од својот ден го минуваат во училиштето кај што добиваат
(барем, треба да добиваат) не само образование, туку и систем на
вредности кои понатаму во животот ќе ги употребуваат и што ги гради
како личности. Еден „cool" професор може за тоа да придонесе повеќе
отколку цела армија на гледачи на својата работа, сигурен сум дека тоа
си го почувствувал во својата кариера.


>
> Седмо, не е во ред да се палат членовите на заедницата со приказни за
> „лошите чичковци" кои не го сакаат
> слободниот софтвер, не ги сакаат промоторите на слободниот софтвер, ги
> гонат и ги казнуваат, промовираат
> пиратерија, не ги сакаат САД, итн. итн. Приказните за заговор и завера
> се завршени.
>

За жал, работите се малку поинакви. „Лошите чичковци" се реални и се
водени не од идеологија, туку од брутална корпоративна економска
логика (истата заради која бензинот го плаќаме толку колку што го
плаќаме). Кога би можел да го наполниш резервоарот со бензин од истиот
квалитет само за цената на кантичката во која го полниш, сигурен сум
дека не би се двоумел - всушност, никој од нас не би се двоумел. Сега,
може да се дискутира за моралните аспекти на постапката доколку
бензинот е украден од некоја рафинерија, ама кога преку улица има
рафинерија која исто толку квалитетен - дури и поквалитетен бензин -
точи бесплатно, само под услов да ти не го разводнуваш и да не го
препродаваш за пари, зар не мислиш дека некои „лоши чичковци" ќе се
појават да ја запалат рафинеријата?

Економската логика настрана (иако тоа е малку тешко), многу е битно на
децата да им се каже дека имаат избор и дека не мора да трчаат до
локалниот пират за најновиот Офис.

> Осмо, не бранам никој. Не промовирам никој. Не сум партиски или на било
> каков друг начин обоен.
> По вера сум православен, по националност сум македонец, по образование
> дипл. инг. по информатика,
> по занимање сум професор, по судбина љубител на вистината со долг јазик.
>
>

Не сум обоен ни јас, ама сепак промовирам слободен софтвер кај што ќе
стигнам. Со тоа што во мојата работа тоа оди прилично потешко, бидејќи
работам со луѓе со длабоки корпоративни корени и затворено
размислување. Тоа е и мојот повик до вас, професорите: искористете го
тоа што имате празна нива за орање!!!

Поздрав,

Никола Ваневски
Телеком консултант
LHS Middle East Africa
Dubai, UAE


More information about the Ossm-members mailing list