[Ossm-members] суспензија за убунту?
Biljana Kochoska
biljana.kochoska at gmail.com
Mon Feb 4 13:53:22 UTC 2008
On 2/4/08, Nikola Vanevski <nvanevski at gmail.com> wrote:
> Посебен поздрав до професори кои ја следат листава, што многу ме радува.
Мене исто многу ме радува дека има професри по информатика кои ја
следат листава и тоа е многу добро и можеме многу поитивно да г
искористиме.
Јас би ја искористила оваа прилика и оваа тема да им се обратам на
сите професори по информатика кои ја следат листава и сите кои имаат
некаков контакт со професори по информатика да ни помогнат околу
организирањето на летната хакерска школа.
Школата би се занимавала со воведување на учениците во технологијата и
вредностите на слободниот софтвер и би требало да е корисна и
интересна за некои ученици.
Е сега помошта пред се би се однесувала во напипување на пулсот на
средношколците. Дали постои заинтересираност, дали би се прифатила
школата, дали би се подетувала и која форма би била најсоодветна.
Јас веќе разговарав со една професорка од една скопска гимназија и
според нејзино мислење децата многу повеќе би посетувале летна школа
тука во градот отколку организирана 7 или 10 дневна школа во охрид или
на пелистер.
За тоа имаше неколку причини.
- Различен тип на деца кои би биле заинтересирани за школата но не би
сакале да идат едни со други и на летување.
- Други планови з апоминување на летниот распуст.
- Флексибилноста на времето и часовите кога таа би се случувала тука во градот.
Мислам дека стварно би ни помогнале и други мислења од професорите за
да знаеме на кај да ги насочиме силите при организацијата на школата.
--
Bi
More information about the Ossm-members
mailing list