[Ossm-members] Дебата, околу материјалите кои се пуштаат на сподели кино!

Biljana Kochoska biljana.kochoska at gmail.com
Thu Feb 21 16:11:28 UTC 2008


Ги пренесувам тука коментарите, односно целиот стринг што се разви со
еден коментар на новица на постот наменет за предлози за материјал кој
би се пуштал на сподели кино.
http://spodelikino.blog.com.mk/node/136272

Бидејќи на дискусијава не и беше местото таму, ги избришав
коментарите, и доколку сакате сите може да се вклучите па да
расчистиме некои работи.

Иако мислам дека можда најпаметно е да се направи конкретна средба
каде што ова ќе се продискутира очи в очи, а не вака зајадливо од
позади грб, оставам на сите.

И уште ова:
Кога ми допуштивте да се занимавам со организирање на СподелиКино,
мислев дека ми дадовте слобода да го градам концептот кој претходно го
елаборирав тука, на листа. Сега се чудам што не е јасно и каде е
проблемот, особено кога сподели Кино доживеа, најголема популарност
досега?

Следи Дисклусијата од блогот:

А што се случи со сите видео материјали кои се под слободни лиценци?
(новица | 20 Февруари, 2008 - 19:28 | избриши | одговори)

А што се случи со Пиратската партија на Македонија?

Ако не ме лажи историјата на вики странава, таа е од тебе почната
(http://wiki.lugola.net/Пиратска партија&action=history)
(васил | 21 Февруари, 2008 - 12:49 | избриши | одговори)

Новица, постот е насловен Сподели Кино и ти.
„Ти" е секој кој учествува и сака да учествува во градењето на
слободната култура.
Слободната култура е за секого, слободата не би била слобода ако не е за сите.

Нашата „борба" за ослободувањето од ограничувањата на класичниот
копирајт е преку покажување на светот без него. Пиратеријата е опасна
кога некој заработува на туѓ грб, а не кога споделува слободно со
другите.
Филмовите што ги пуштаме се со целосен атрибјушн, и никаде не правиме
промена на оригиналното дело и не ги изоставаме авторите на истото,
башка, не заработуваме на тоа, така да не им ни земаме од профитот,
пред сè што овие филмови и не се прикажуваат на некое од понудените
репертоари во кината во Македонија. Единствениот „прекршок" што го
правиме е споделувањето. Пуштањето на филмот што го имаш, и ти се
допаѓа, пред нешто повеќе луѓе, од твојата тесна група на пријатели.
Или поинаку кажано: градење на комјунити.

Што се однесува до филмовите со слободни лиценци, кога веќе пишуваш на
овој пост кој служи за предлагање на филмови, соодветно би било да
понудиш таков, ако сакаш да го пуштаме.
(Bi | 21 Февруари, 2008 - 12:56 | избриши | одговори)
Васил, Партијата си е ок. За жал киното не го организира партијата
туку слободен софтвер македонија. Оттука и прашањето за слободни
содржини.
(Новица | 21 Февруари, 2008 - 16:42 | избриши | одговори)
Би, Нема потреба да ми елаборираш што е поентата на пиратеријата и
споделувањето. Впрочем веќе одговорив што мислам.
(Новица | 21 Февруари, 2008 - 16:45 | избриши | одговори)
Полно слободни (и неслободни) предлози има на:
http://wiki.lugola.net/Предлог_програма_за_СподелиКино Штета што вики
страницата не е дополнета со скорешните проекции.
(новица | 21 Февруари, 2008 - 16:48 | избриши | одговори)

Новица, не знам кој е проблемот да има повеќе места и можности за
луѓето да предлгаат филмови. Не секој знае да едитира вики страници.
Башка што таа страница не е воопшто популаризирана, многу малку луѓе
знаат за неа. Како и да е планирам и тука да ставам линк до неа.

А страницата не е надополнета со последните три проекции кои јас ги
организирав, зашто чекав да се дополнат претходните две на кои за жал
не присуствував и не знам што се прикажуваше.

И те молам, кажи ко ќе го прочиташ одговоров и ако сакаш дискусија на
темава пиши на листа или на друго место соодветно за такво нешто, Јас
следно ќе ги избришам сите коментари кои не се на темава на постов.
(Biлјана | 21 Февруари, 2008 - 16:57 | избриши | измени | одговори)


-- 
Bi


More information about the Ossm-members mailing list