[Ossm-members] Дебата , околу материјалите кои се пуштаат на сподели кино!
Misa Popovik
popmisa at gmail.com
Thu Feb 21 18:06:33 UTC 2008
Мојот став е дека поентата на „Сподели кино“ е промоција на слободната
култура. Слична таква промоција, но со други методи, се надевам дека набрзо
ќе продолжи и на „Сподели знаење“ кое откако ќе купиме проектор - нема да има
веќе објективни пречки за одржување.
Накратко... ќе кажам само некои црти:
1. Знам дека твојот став дека најмалиот заеднички именител на материјалите кои
треба да се пуштаат е можноста тие да се споделат. Често тука се споменува
пиратството и можноста за широка дистрибуција како акт на размена/споделување
и сл. Неможам да спорам дека пиратирањето нема врска со споделувањето или пак
дека „Сподели кино“ не треба да се грижи само за тоа - можноста материјалот
да се сподели и како акт на копирање и како акт на учество во креирањето на
плејлистата. Ако има поширока согласност тоа да е така, тогаш така нека биде.
2. Досега, како дополнување на тој минимален критериум (можност да се сподели
нешто), во извесен процент заеднички именител беше „размена на знаењето“ и
скоро се што се пушташе на „Сподели кино“ имаше некаква врска со тоа. Затоа,
поголемиот дел од програмата беше пуштање на предавања каде TED беше главен
рипозитори, но имаше и други видеа во тој контекст. Мојот став е дека ова не
е дел од „Сподели кино“ кој треба да биде запоставен. Сите предавања имаа
поширок спектар на важност и се однесуваа на поширока публика. Тоа може да се
види ако се разлиста на блогот.
3. Во уште потесен круг на материјали беа видеа кои имаа заеднички именители и
под 1 и 2 но беа и дела или лиценцирани со слободна лиценца или направени од
некаква специфична заедница, како на пример машинимата за Second Life или
Youtube's Chad Vader или Ask a Ninja. И за ова множество на материјали
мислам дека не треба да биде запоставено во некаква идна концепција.
Ете толку.
поздрав
Миша
More information about the Ossm-members
mailing list