[Ossm-members] Дебата , околу материјалите кои се пуштаат на сподели кино!
Biljana Kochoska
biljana.kochoska at gmail.com
Thu Feb 21 18:32:43 UTC 2008
On 2/21/08, Misa Popovik <popmisa at gmail.com> wrote:
> Мојот став е дека поентата на „Сподели кино" е промоција на слободната
> култура. Слична таква промоција, но со други методи, се надевам дека набрзо
> ќе продолжи и на „Сподели знаење" кое откако ќе купиме проектор - нема да има
> веќе објективни пречки за одржување.
>
> Накратко... ќе кажам само некои црти:
>
> 1. Знам дека твојот став дека најмалиот заеднички именител на материјалите кои
> треба да се пуштаат е можноста тие да се споделат. Често тука се споменува
> пиратството и можноста за широка дистрибуција како акт на размена/споделување
> и сл. Неможам да спорам дека пиратирањето нема врска со споделувањето или пак
> дека „Сподели кино" не треба да се грижи само за тоа - можноста материјалот
> да се сподели и како акт на копирање и како акт на учество во креирањето на
> плејлистата. Ако има поширока согласност тоа да е така, тогаш така нека биде.
>
> 2. Досега, како дополнување на тој минимален критериум (можност да се сподели
> нешто), во извесен процент заеднички именител беше „размена на знаењето" и
> скоро се што се пушташе на „Сподели кино" имаше некаква врска со тоа. Затоа,
> поголемиот дел од програмата беше пуштање на предавања каде TED беше главен
> рипозитори, но имаше и други видеа во тој контекст. Мојот став е дека ова не
> е дел од „Сподели кино" кој треба да биде запоставен. Сите предавања имаа
> поширок спектар на важност и се однесуваа на поширока публика. Тоа може да се
> види ако се разлиста на блогот.
>
> 3. Во уште потесен круг на материјали беа видеа кои имаа заеднички именители и
> под 1 и 2 но беа и дела или лиценцирани со слободна лиценца или направени од
> некаква специфична заедница, како на пример машинимата за Second Life или
Јас се сложувам дека на Сподели Кино треба да се пуштаат материјалите
под 1 и 3. Точката 2 е нешто што треба да спадне во категоријата
Сподели Знаење, зашто пред сè е предавање и има цел да едуцира и
информира, а не да забавува и да оплеменува (што важи за уметноста
нели).
Мислам дека може да се направи Сподели Знаење да се случува секоја
втора среда, исто во Точка, или пак ако мислите дека е подобро да се
организира, како и порано, секој вторник Сподели знаење, а секоја
среда Сподели Кино. Но за вториов случај, ќе мора да се најдат други
простории, зашто не верувам дека Точка би ни дале два дена.
Ете тоа е мое мислење.
Поздрав
--
Bi
More information about the Ossm-members
mailing list