[Ossm-members] Дебата , околу материјалите кои се пуштаат на сподели кино!
Misa Popovik
popmisa at gmail.com
Thu Feb 21 22:55:02 UTC 2008
> Точката 2 е нешто што треба да спадне во категоријата
> Сподели Знаење
Најсимплифицирано кажано, и со грешките кои секоја симплификација ги носи
поделбата помеѓу настаните, а не концептите беше:
хакирање + технологија = Сподели знаење
Затоа се собиравме на феит, и во моментов таквите собири и недостигаат на
заедницата. Наскоро ќе се врати настанот на агендата и во прв момент, а
верувам и понатаму, ќе ја пополнува таа празнина.
хакирање + култура = Сподели кино
Така и се роди „Сподели кино“. Затоа и материјали од 2 точка си најдоа место
на настанот. На сз нема „место, време и интерес“ да се гледаат предавањата,
барем не оние кои немаат некаква врска со технологија во практична смисла.
Што се однесува до култура и знаење... мислам дека се поклопуваат, т.е култура
е поширок поим од знаење. Така, размена на знаење е размена на култура...
затоа и Википедија има толку важно место во движењето за слободна култура. Но
да не ја одвлечеме дискусијата во тој правец...
More information about the Ossm-members
mailing list