[Ossm-members] Дебата , околу материјалите кои се пуштаат на сподели кино!

Biljana Kochoska biljana.kochoska at gmail.com
Sat Feb 23 19:12:05 UTC 2008


On 2/21/08, novica at bagra.org <novica at bagra.org> wrote:
>
>  > Бидејќи на дискусијава не и беше местото таму, ги
>  > избришав коментарите
>
>
> Браво!

Прво Новица, коментарите не се избришани туку се пренесени тука, така
што дури и повеќе луѓе ги видоа отколку таму на постот, каде што, како
што реков, најмалку им беше местото. Значи: НЕ СЕ ИЗБРИШАНИ (на очевид
на цела листа).

Второ, тебе најмалку ти личи саркастично да бравосуваш за отстранување
или преместување на коментари (поточно, според тебе: бришење) зашто на
твојот блог се избришани уште и пред да бидат напишани. Не дозволуваш
никакво коментирање или дискусија, најмалку пак пријателски совет или
споделување на идеја и мислење.

Трето, ако јас земев да пишувам на викито за слободен софтвер, на
страницата за предлози за Сподели Кино нешто сосем трето, и да
развивав дискусија, тоа ќе беше сменето, ако не од тебе, од кој и да е
прв кој ќе го забележеше тоа? А зошто? затоа што таму немаше да му
биде местото, исто како и на твоите коментари и целата дискусија на
постот за споделување на филмови.

> Прво и основно, не е се во популарноста.

Не беше ли ти Новица тој што ми велеше да пишувам и на мојот блог за
проекциите на Сподели Кино и слични настани, затоа што мојот блог бил
попопуларен и посетен, па да се популаризирал и настанот? Не беше ли
in the first place додавањето на мојот блог на Планета со истата
причина? Се разбира после онаа причина за додавање на женски во
заедницата, зашто тоа било тренди.
И на крај краева, не реков јас дека е сè во популарноста, туку моја
задача беше пред сè тоа: Да го популаризирам настанот! Ваша задача
беше тоа да го искористите за промоција на слободниот софтвер и
слободната култура на креативен начин (колку што знам дури и предложив
некои). Ова ми делува, ко некој да изнајмил маркетинг агенција за да
испромовира нешто, а при тоа не го ни подготвил производот. И сега
публиката е тука, ама нема што да се продаде. Да не спомнувам дека на
последното Сподели Кино, сè што имаше од Слободен Софтвер Македонија
беше сплеш скринот со 2с.мк кој ние го спремивме и логото на Сподели.
И само еден член - Игор, со кого заедно го најавивме настанот.

>  Второ, не се
>  сеќавам каде во твојот елабориран концепт стои дека ќе се
>  пуштаат комерцијални филмови (цитирај ако има такво место
>  те молам).

Новица, не беше ли ти што претходната недела ми предложи комерцијален
филм за пуштање на СподелиКино, кој јас ти го одбив затоа што не ти
беше ни гледан и не знаеше ни дали е добар? И тоа баш комерцијален со
сите атрибути. Холивудска продукција. Да не вадам сега логови, но не
беше ли ти кој сакаше да го пушташ no maps for this territories уште
кога ти го организираше настанот? Не беше ли и тоа причината што го
избрав тој филм за првото сподели кино кое го организирав. Па потоа,
ти не беше ли Новица тој, што предложи да идеме со тематика сајбер
панк? Валда не мислеше тогаш дека траба да пуштаме предавања за
сајберпанк.

Значи сè на сè, организирав три сподели кина, од кои на двете го
пуштавме филмот со Вилиам Гибсон (no maps for these territories),
вториот пат плус дополнување на еден документарец од дискавери врз
чија основа се разви дискусија за слободна култура. И третиот пат го
пуштавме анимето завчера. Кое да, било по фестивали и добивало
награди, но тоа не го прави комерцијален со конотативното значење кое
ти му го даваш. Зашто како прво не се пушта на кино, како второ, го
нема по двд-теки, и како трето не ни беше познат за нашата публика. И
покрај сите овие особини, беше привлечен за многу луѓе. Ги имавме,
полна Точка, фалеше само ти Новица, да им ги пренесеш твоите идеали за
слободен софтвер и слободна култура што тука ги попуваш постојано, но
кога ќе доjде во пракса, некој друг и нешто друго е криво.

>  Трето и најважно СподелиКино во принцип треба
>  да промовира видео дела кои се слободна култура (за повеќе
>  види: http://freedomdefined.org/Definition). Ова, се
>  разбира, не значи дека нема да пуштиме и по некој пиратски
>  филм од време на време, ама постојано пуштање на такви
>  филмлови апсолутно нема смисла.

И бидејќи Новица, пак покажа, ти заедно со Миша, дека мноoooгу подобро
и повистински знаете да го организирате и како треба да се организира
и што значи сподели кино, јас тука отстапувам и ова е последно и
дефинитивно. Многу ми е жал и им се извинувам на луѓето кои веруваа во
мојот пристап, уште повеќе ми е жал за луѓето кои со душа чекаат да
дојде следното Сподели Кино и сите да учествуваат и со ентузијазам и
оптимизам да веруваат дека може сите заедно да правиме нешто заедничи.
Но овде, јас стварно не наидов на поддршка, што стварно ме стави во
позиција дека очигледно многу повеќе има луѓе кои се против отколку ЗА
тоа што го правам.
Пример е и оваа дискусија. Оставив доволно време некој да се изјасни
поинаку, но тоа не се случи. Значи вие двајца, како најофицијални
претставници и членови на слободен софтвер, а пред сè луѓе кои демек
се експерти по слободна култура и општество, се изјаснивте спротивно
на мојот пристап, никој друг не се изјасни позитивно, што ме доведе до
заклучок дека сите останати се сложуваат со вас. Од тоа не произлегува
ништо друго, освен да кажам: SO BE IT!

>  Последново е вака од повеќе причини. Првата е чисто
>  прагматична. Имено ако сакаме да го пријавиме СподелиКино
>  како некаков проект мораме да оправдаме дека на крајот на
>  краиштата „се е легално". Лично не сум засегнат од ова, но
>  организацијата која ми се чини се уште стои зад настанат

Ова мене никој никогаш не ми го кажал како проект кој треба да се
оправдува. Јас го правев ентузијастички, доброволно и со цел да
сподлеувам со луѓето, да ги натерам тие да споделуваат и да градиме
заедно слободна култура. Моите мотиви беа чисти, а поради нив си
одземав и од личното и од работното време, при тоа не барајќи никаков
надоместок, освен насмевката и задоволството кај луѓето кога се
чувствуваат како дел од нешто добро и заедничко. Јас не сум дел од
организацијата, а според ова сега што ми го кажа, се чувствувам дури и
на некој начин искористена.

Можеби и премногу сериозно и пристапив на работата (како што некои ми
рекоа) но јас не знам поинаку да им пристапувам на работите што земам
да ги завршувам. Претходнава среда дури воздивнав откако заврши сè,
зашто цело време се тресев да не нешто се зезне. На губењето на звукот
ми застануваше здивот, а кога видов дека цело време не се гледа
преводот ми се темнеше пред очи. А немаше тука никој од организацијата
која, како шо сам кажа „ми се чини", сеуште стои зад настанот.

>  Втората причина е тоа што нема никаква поента СподелиКино
>  да прерасне во вечер во која секој ќе донесе двд од својот
>  омилен филм и ќе го пушта пред луѓе. На што ќе личи ако
>  само уште 3-4 луѓе од овде предложат нивните омилени
>  филмови да одат? Мислам еве само јас: сакам да ги пуштаме
>  Гленгери Глен Рос, Match Point, Lion King (првиот дел) и
>  The Usual Suspects. Сите клучни филмови на свој начин, а и
>  мошне интересни.

Многу ми е жал Новица што не ја укопча поентата. Настрана тоа што
немаше ниту еден човек што предложи популарен филм. А и да имаше, не
го гледам тука проблемот. Слободниот софтвер е за секој, слободната
култура е за секој, јас мислев дека за тоа и вие се залагате.

Но не е ни тоа муабетов, муабетов е што не можеш да увидиш дека јас
доброволно и помагав на вашата организација во името на слободата. Не
бев јас почестена што го правев тоа, вие бевте почестени. Јас бев
почестена од сите луѓе кои доаѓаа на настаните кои ги организирав и
сите луѓе кои се понудија да споделат некој филм. Луѓето прв пат
сподели кино го почувствуваа како нешто што може да биде на сите, но
очигледно на некои тука тоа му смета, што потполно се коси со тоа за
што се залагате. Јас не гледам проблем утре кој и да е да започне свое
сподели кино и да пушта што сака, каде сака и колку сака. И да ја
унапреди идејата и да го достигне вистинското практицирање на слободна
култура. И знаеш што? мислам дека тоа ќе ти смета.
Не знам кога ќе си ги тргнеш тие смешни елитистички филмови и ќе
сфатиш дека тоа за што се декларираш дека се залагаш ги вклучува
луѓето, а не само твоето ексклузивно друштвенце од неколку души. Мило
ми е што други бар тоа го сфатија.

>  Патем, ова е последно нешто што го пишувам за прашањето за
>  СподелиКино.

Па се надевам не е последно, оти ќе треба да си продолжиш со
организацијата. Ама мило ми е што нагласи дека е далеку од прво
бидејќи луѓево можат да си помислат дека I am over reacting. Само јас
си знам колку притисок издржав од тебе и Миша, а верувам и некој друг
покрај мене, за што, пак кажувам, стварно ми е жал и далабоко им се
извинувам на тие што веруваа, но оставија сама да се борам против
сите.

>  Среќа пораките од листа не може да се бришат.

т.е. не можам јас да ги бришам ;)

За крај, само би ви кажала дека ова не е избрзана реакција, туку
преминување на границата. Јас можеби знам да избувнам во одредени
ситуации, но во суштина сум трпелива личност, што се покажа со моето
тврдоглаво останување покрај вас после сите глупи флејмови. Јас вам
ништо не ви должам, вие мене исто.

Блогот можеби ќе  го продолжам. Тој ќе биде независна креација. Пример
за building upon. Колку што знам Сподели Кино не е трејдмарк, а
апсурдно би било да е.
Јас не се откажав од слободната култура и слободниот совтвер, туку
само од работа за Слободен софтвер Македонија.

Доколку не му смета на никого, би го организирала настанот уште оваа
среда, за да го заокружам месецот, и да им кажам лично на луѓето, кои
испадна дека ги лажев, дека Сподели Кино нема да продолжи со тој
концепт.

Останува уште, доколку сакате, да ми дадете одговор, а дискусијава за
мене е завршена.

-- 
Bi


More information about the Ossm-members mailing list