[Ossm-members] Отворената средба за програмата на 2с.мк заврши..

Biljana Kochoska biljana.kochoska at gmail.com
Tue Jan 15 14:12:56 UTC 2008


On 1/11/08, Misa Popovic <popmisa at gmail.com> wrote:
> Ајде мал, критичен, коментар:


> Проблемот во овој момент е студенската компонента на заедницата, па
> така мислам дека приоритет на организацијата треба да биде анимирање
> на студентите, кои неможат да се јават и остават индекс за да може
> „Сподели знаење" да почне оваа (а и минатата) година.

Јас изгледа не знам кои се целите и смислата на постоењето на 2с.мк,
но претпоставував дека една од основните е: да го приближи слободниот
софтвер  и слободната култура (со сите свои значења и бенефити што ги
носат со себе, како практично и моментално, така идеолошки и
долгорочно) до: колку што е можно поголем број на луѓе.
Со тоа би се проширила слободната култура и поинаквиот начин на
размислување и би искоренило неслободното, капиталистичко, застојано
деградирање на заеднилкото знаење и развивање.

Земајќи го ова во предвид, јас не можам да сфатам како една целна
група на која треба да се делува  е поприоритетна од друга и не би
требало да се работи на неа зашто треба да се работи на другата. Јас
сметам дека треба да се работи во сите правци со соодветни методи.
Не може да се применат истите методи врз средношколците и врз
студентите, а и нивното функционуирање и потенијал за понатамошна
придобивка од потрошеното време и средства врз нив се различни.

>
> Да, јасно ми е дека треба да се грижиме за младите,

Мене не ми е јасно како треба да се грижиме за младите?! Школата нема
врска со грижење за младите. Предложената летна хакерска школа би
имала за цел да ја прошири идејата  за слободниот софтвер и слободната
култура и воедно да креира нови пропагатори на истите во нивната (во
случајов средношколска а во иднина студентска) средина.

>но оние
> средношколци кои се приближиле до заедницата имаат поголемо учество
> отколку студентите од заедницата, што пак ме доведува до истиот
> заклучок - треба да поработиме со студентите повеќе.

А за учеството на средношколци во заедницата не би се сложила воопшто.
Јас мислам дека тука повторно имаме терминолошки неспоразум околу тоа
што претставува „заедницата". Но, настрана тоа, јас се кладам дека на
листава, како некој си репрезентативен примерок на заедницата, има
далеку поголем процент на студенти отколку средношколци. Така да ова
ја става под знак прашање твојата премиса за учеството на средношколци
во заедницата, а со тоа и заклучокот кој ти произлезе од нез дека
треба да поработиме со студентите повеќе.

Јас сметам дека студентите се многу тешки за работа од неколку аспекти:
1. Студент е општ поим кога ги гледаме посебно во групи тие се
специјализираат во одредена област, која колку е подалеку од
техничките науки потешко е до тој примерок на студенти да се пристигне
за некако да се ангажираат.
2. доколку зборуваме за студенти само од техничките факултети, тогаш
не зборуваме за некаво ширење на идејата, затоа што поголемиот дел од
нив се запознаени со слободниот софтвер и веќе се определени дали
сакаат да го користат или не.
3. Доколку го користат сигурно се запознаени со постоењето и работата
на оссм и имале шанси да се вклучат и помогнат, но доколку не слушнале
и не знаат (претпоставувам ова е нашата таргет група), работата со
овие луѓе и пристапувањето до нив би можело да се изведе со испраќање
на едн спам њузлетерче кои пристојно би ги замолило за помош на
заедницата или понуда за соработка...

>Има време за
> средношколците, мислам дека студентите треба да се поприоритетни.

Нема време за средношколците. Тие се тие што утре ќе бидат студенти и
нема да можеш да ги најдеш. Денес ти се заедно, на тацна, сеуште
неопределени, застанати пред многуте опции кои им се отвораат. Тие се
тие кои избираат и се градат, тие кои можеш да ги добиеш еднаш
засекогаш. Да им помогнеш да тргнат по твојот пат и во иднина да им го
покажат и на другите. Студентите се веќе отидени по свјот пат, тој воз
је прошао.

> > Се дискутираше за изработка на налепници и малку герила маркетинг на
>
> Ок. Супер. Има некој идеја како би го финансирале ова?

Идејата е горе презентирана. За почеток, да се продаваат онлајн со
цена од минимум нивната изработка и шипмент, а да може да се става и
повисока цена според желбата за донација од страна на купувачите.

> > СЗ/СК, поместување во среда на СК, и
>
> Зошто е барањето? Засега сум -1.

Барањето беше од моја страна, затоа што во вторник не сум слободна.
Сакав оваа година повеќе да се вклучам и активирам околу сподели кино,
пред се зашто е најбрз и наједноставен начин за пропагирање на
слободната култура. Имам план за нов концепт кој забележително би ја
зголемил публиката и влијанието на Сподели кино, при тоа испраќајќи ја
практицирајќи ја слободната култура на големо.
За подетални точки и разработка на моите идеи и концепт за работење би
пишала во друга прилика и се разбира доколку се изгласа
преместувањето. Ако остане во вторник едноставно нема да имам време да
се активирам. Можам само да ги пренесам идеите, па доколку некој друг
се најде заинтересиран тој нека го работи.
Јас исто би сакала тие што се против да дадат причина зошто се против.

Поздрави


-- 
Bi


More information about the Ossm-members mailing list