[Ossm-members] Отворената средба за програмата на 2с.мк заврши..

Vlado Peshov vlatkop at gmail.com
Tue Jan 15 14:56:25 UTC 2008


2008/1/15 Biljana Kochoska <biljana.kochoska at gmail.com>:

> Јас сметам дека студентите се многу тешки за работа од неколку аспекти:
> 1. Студент е општ поим кога ги гледаме посебно во групи тие се
> специјализираат во одредена област, која колку е подалеку од
> техничките науки потешко е до тој примерок на студенти да се пристигне
> за некако да се ангажираат.


Не се сложувам тука затоа што слободниот софтвер и софтверот со отворен код
не го користат само студентите од техничките факултети. Доколку сите тие
доволно се запознаат со алтернативни решенија базирани на СС/СОК ќе видат
каде може и они да помогнат. Тргнете од фактот дека програма за
сметководство не може да ја прави програмер без да му објасни
сметководителот како идат работите внатре. Вакви примери има еден куп.


> 2. доколку зборуваме за студенти само од техничките факултети, тогаш
> не зборуваме за некаво ширење на идејата, затоа што поголемиот дел од
> нив се запознаени со слободниот софтвер и веќе се определени дали
> сакаат да го користат или не.


И овде не се сложувам ради тоа шо на нашите технички факултети уште има и ќе
има „закржлавени" студенти што имаат сфаќања у смисол зашо ја да правам
софтвер шо бесплатно ќе му го давам на комшијата или ќе работам за
Мајкрософт зашо го сметам за некаква си империја или општ двигател на ИТ
индустријата? Значи овде важи она македонско правило (барем според мене) да
нашиот народ е образован и чита, али не дочитува до крај или го чита она што
на него му одговара или не му одговара.


> 3. Доколку го користат сигурно се запознаени со постоењето и работата
> на оссм и имале шанси да се вклучат и помогнат, но доколку не слушнале
> и не знаат (претпоставувам ова е нашата таргет група), работата со
> овие луѓе и пристапувањето до нив би можело да се изведе со испраќање
> на едн спам њузлетерче кои пристојно би ги замолило за помош на
> заедницата или понуда за соработка...
>

Јас би исто предложил воведување на некаков си вид на анкети. На пример
правење на анкети у смисол што мислиш за СС/СОК, дали си запознат што значи,
зошто го(не) користиш, дали си запознат со случувањата организирани од
Слободен Софтвер Македонија, зошто (не)ги посетуваш, ... Едноставно да не се
претпоставува колку се смета дека студентите (не) се запознаени со
2с.мктуку едноставно статистиката да покаже. Така полесно би се знаело
што се
слаби точки на организацијата од надворешен поглед и општо на сите
случувања.

Поздрав
-------------- next part --------------
An HTML attachment was scrubbed...
URL: <http://lists.softver.org.mk/pipermail/ossm-members/attachments/20080115/3123c477/attachment.html>


More information about the Ossm-members mailing list