[Ossm-members] Отворената средба за програмата на 2с.мк заврши..

Biljana Kochoska biljana.kochoska at gmail.com
Tue Jan 15 15:28:02 UTC 2008


On 1/15/08, Vlado Peshov <vlatkop at gmail.com> wrote:


> Не се сложувам тука затоа што слободниот софтвер и софтверот со отворен код не го користат само студентите од техничките факултети. Доколку сите тие доволно се запознаат со алтернативни решенија базирани на СС/СОК ќе видат каде може и они да помогнат. Тргнете од фактот дека програма за сметководство не може да ја прави програмер без да му објасни сметководителот како идат работите внатре. Вакви примери има еден куп.

Нема ништо спорно во ова што го велиш, но исто така не го побива тоа
што го кажав дека е тешко да стигнеме до сите студенти. Треба да се
насочиме кон одредена група за одреден таск. А примерот што го наведе
уште повеќе кажува дека примарно е потребен програмер, зашто
економистот сам по себе не би можел да придонесе без хипотетичкиот
програмер, во конкретниов случај.
Јас не велам дека студентите не можат да помогнат, секој може да
помогне, но само наведов дека многу е потешко да се таргетираат и да
се најдат начините и методите но и целта зашто треба да се постигне
тоа.


> И овде не се сложувам ради тоа шо на нашите технички факултети уште има и ќе има „закржлавени" студенти што имаат сфаќања у смисол зашо ја да правам софтвер шо бесплатно ќе му го давам на комшијата или ќе работам за Мајкрософт зашо го сметам за некаква си империја или општ двигател на ИТ индустријата? Значи овде важи она македонско правило (барем според мене) да нашиот народ е образован и чита, али не дочитува до крај или го чита она што на него му одговара или не му одговара.

И ова не би можело да се каже дека е несложување, зашто јас реков дека
тие се запознале и веќе се определиле. Тој што го велиш
„закржлавениот" што е заљубен во виндоус е веќе изгубена душа. Не
можеш ти него, дури и цел етф да го превртиш наопаку, да го преобратиш
во слободен софтвераш. Ако ти успее јас честам :)
Тука проблемот е друг, како што и сам спомна во менталитетот и
воспитанието, а за тоа многу е полесно да го контролираш кај
помладите, средношколци и основци. студентот е испечено грне.

> Јас би исто предложил воведување на некаков си вид на анкети. На пример правење на анкети у смисол што мислиш за СС/СОК, дали си запознат што значи, зошто го(не) користиш, дали си запознат со случувањата организирани од Слободен Софтвер Македонија, зошто (не)ги посетуваш, ... Едноставно да не се претпоставува колку се смета дека студентите (не) се запознаени со  2с.мк туку едноставно статистиката да покаже. Така полесно би се знаело што се слаби точки на организацијата од надворешен поглед и општо на сите случувања.

Ова ми се допаѓа. Може да се направи веднаш, но тука повторно се
наметнува прашањето како да го изведеме и како да допреме до поголема
група на луѓе?


-- 
Bi


More information about the Ossm-members mailing list