[Ossm-members] Отворената средба за програмата на 2с.мк заврши..

Новица Наков novica at bagra.org
Tue Jan 15 15:25:08 UTC 2008


> > Да, јасно ми е дека треба да се грижиме за младите,
>
> Мене не ми е јасно како треба да се грижиме за младите?!

дебатата дали треба повеќе да се грижиме за студенти или средношколци е 
излишна. организацијата има ограничени ресурси, т.е. ограничено е времето и 
на поактивните и на помалку активните луѓе околу целата работа. како јас 
гледам на работите поголемо внимание ќе добие онаа група околу која ќе се 
соберат повеќе луѓе. тешко дека организацијата може да заземе став за тоа што 
ќе биде приоритет во таа смисла.

оваа воопшто важи за било кои акивности. сѐ зависи од тоа дали ќе има луѓе кои 
ќе застанат зад нив. дури и да ја имам најдобрата идеја на свет, таа ништо не 
ми значи ако не можам да ја спроведам сам или со нечија помош.

затоа, мислам дека во програмата треба да влезат активности за кои ќе има 
барем некоја сигурност дека ќе почнат да се спроведуваат - па и завршат на 
крај. да се знае кој е одговорен и кој ќе биде виновен ако настане фијаско 
или сл.

(поучна забелешка: се сеќавам на некое предавање на факултет раскажуваа како 
во македонија во социјализмот имале компании кои плановите ги правеле со 
потпросечни проекции и на крајот на годината лесно излегувале како да го 
исполниле планираното и постигнале дури и поуспешни резултати. :-))


> Јас исто би сакала тие што се против да дадат причина зошто се против.

моментално јас сум против менување на терминот поради 2 причини: прво мислам 
дека е погрешно да се менува некој термин кој можеби е влезен во свеста на 
луѓето - можеби до некаде е општо познато дека сподели кино е во вторник. 
второто е полично - веројатно е дека во среда можам да најдам помалку 
слободно време одошто во вторник. ова е важно затоа што работата околу 
организирањето на киното воглавно паѓаше на мој грб.

но, ако ти сакаш преземеш и тоа да биде твоја одговорност (можам да напишам од 
што сѐ се состоеше таа работа), тогаш Билјана скоро го имаш мојот глас за. за 
тоа што можеби ќе биде проблематично менувањето на денот за тие што се 
навикнале, што знам може вреди да се ризикува. you win some - you loose some.



-- 
Новица

http://wiki.lugola.net/Вечна_TO-DO_листа
http://wiki.lugola.net/Бонтон_за_ossm-members
http://wiki.lugola.net/Важни_настани_за_слободниот_софтвер_во_Република_Македонија
Важно: http://bugs.softver.org.mk/index.php?tasks=all&project=7 !



More information about the Ossm-members mailing list