[Ossm-members] Отворената средба за програмата на 2с.мк заврши..

Biljana Kochoska biljana.kochoska at gmail.com
Wed Jan 16 14:39:46 UTC 2008


On 1/16/08, Arangel Angov <ufo at linux.net.mk> wrote:

> Знам фаци (Gentoo-аши) што порано имаат држено предавања за Windows и
> Microsoft во средно школо, така да тоа не значи ништо.

Ама во средно школо. ;)
Тоа беше и темата околу која се вртеше муабетот: На кој да му се
пристапи и на кој начин и со кои методи.
Миша кажа дека студентите се приоритет, а не средношколците.
За средношколците имавме предлог за организирање хакерска школа и
регрутирање млади слободно офтвераши.

Ако сите сметаат дека студентите се приоритет, дајте бар идеја како да
им се пристапи и што со нив. Не можеме да застанеме само на тоа дека
се приоритет и толку.

> Ако можам нешто конкретно да му помогнам на оној што ќе се нафати да ја
> брка работава нека ми пише.

Која е работава?
Дај предложете што да се прави со студентите па некој да се нафати, па
некој да помогне. Вака муабетов е напразно.

Еве јас на пример мислам дека што се однесува до студентите, ние прво
треба да ги најдеме оние кои веќе се на некој начин во заедницата со
самото тоа што користат инсталираат и засебно пропагираат слободен
софтвер само не се вклучени во „нашава" заедница и не придонесуваат во
проекти и идеи со поголем потенцијал. Треба тие да ги најдеме и да ги
вклучиме и преку нив да пристапиме до другите.

Како прво може да напишеме некој текст кој би идел на планета и кој би
ги повикувал сите што го посетуваат сајтот да се зачленат на некој
начин или да испратат мејл податоци.
За почеток доволно е да имаме контакти, па можеме да ја направиме таа
анкетата што ја спомна Владо погоре, да добиеме некакви заклучоци па
да видиме што следно. Чекор по чекор.
...

-- 
Bi


More information about the Ossm-members mailing list