[Ossm-members] Микронтролери
Дамјан Георгиевски
penguinista at mail.net.mk
Wed Jan 16 15:25:57 UTC 2008
Планирам да купам една микроконтролерска плочка за зезање.
Тука може да видите за што се работи
http://www.arduino.cc/en/Main/ArduinoBoardDiecimila
Микроконтролерот е Atmel AVR (ATmega168), 8-bitен, 1КБ рам, 512 eeprom, 16кб
flash.
Плочката се програмира преку usb, преку кој може и да зима струја а и да
комуницира со PC. Има 14 дигитални input/output пинови (6 може да бидат PWM
излези) и 6 аналогни влезови.
Целава платформа е слободна, така да би можело и да ги правиме сами.. само не
зман кој го прави тоа кај нас и дали воопшто се исплати. Тоа би значело,
правење плочки, нарачување компоненти и лемење.
На сајтот имаат и други модули кои се наштекуваат на плочкава. Плус има и
други сајтови кои се занимаваат со истата платформа:
http://www.freeduino.org/ на пр.
Е сега, ако се нарача од италија плочката е 22 евра со шипинг 15 евра. Но за
цената од 15евра шипинг може да се нарачаат до 5 плочки (што би дошло вкупно
25 евра по плочка, без царина што е друго прашање).
Така да ако некој го интересираат овие работи и би сакал да учествува бујрум,
пишете.
--
дамјан ( http://softver.org.mk/damjan/ )
http://wiki.lugola.net/wiki/Вечна_TO-DO_листа
More information about the Ossm-members
mailing list