[Ossm-members] FIY: USAID/PEP тендер за локализација на слободен софтвер

Aleksandar Josifoski josifoski2 at gmail.com
Tue Jul 22 17:39:11 UTC 2008


Зоран Димовски wrote:
>
> Апелирам и до Владо, бидејќи Gimp е земен никако да не прима преводи
> од дечките кои го добиле тендерот.
> Исто апелирам и до Боби никако да не прифаќа преводи за KDEEdu.
> Уфо супер кажа, ништо да не закачува на Gnome исто да биде и за Gimp,
> KDEedu и сите други апликации за кои веќе има координатори, ништо да
> не биде достапно мејнстрим па да видеме како школите ќе имаат
> македонски апликации (нека прават посебно дистро).
> Добро би било еден бојкот на целиот овој проект од страна на сите
> локализатори. Бидејки очигледно е дека тоа што беше кажано таму во PEP
> никој го нема земено во обзир, некој работил на проекти со години и
> сега некои вонземјанци ќе работат на истите а претходно тие што
> локализирале треба да даваат идеи, забелешки, предлози а никаква
> заслуга. Епа треба некоја чавка да дојде и добро да ми ја исчука
> главата пред да направам една таква идиотска глупост. БЕЗ ЗАЕДНИЦАТА
> ПРОЕКТОТ ВИ Е ОСУДЕН НА ПРОПАСТ.
>
>
> Поздрав, Зоки.
>   
153
Ја давам следната идеја под GPL лиценца:

Да се оформи весник во кои ќе бидат содржани само огласи за работа, 
тендери и никакви други инфомации (сепак под ГПЛ ми е идејата, 
дозволувам модификации).
Секој кој има да понуди работа да е законски обврзан информацијата да ја 
објави во тој весник. Весникот би можел да биде финансиран од огласите 
кои би се објавувале во него, ако се заобиколи, да има Закон! по кој тој 
што би објавил понуда за работа/тендер/нешто слично на друго место но не 
и во весникот би си платил казна.
Да се бара идентификација на секој оној кој би понудил работа преку тоа 
списание, и да има закон со соодветни казни за лицата кои би објавувале 
несоодветни огласи.
Весникот да биде морално чист од огласи кои нудат морално искривена 
работа и да не може во него да се најде ниеден таков оглас, уште повеќе, 
за сите што вршат морално неисправни нешта да има закон по кој ќе бидат 
соодветно казнети.
Списанието да биде доставувано до разни места во градот, да не може да 
се злоупотреби едно лице да купува повеќе од еден број, истовремено да 
има своја соодветна web презентација и сите информации да бидат достапни 
и преку интернет, но условите во кои живеат нашите граѓани, голем број 
невработени и сиромашни налага да има печатено издание.
Може ќе продолжам со развој на идејата и ќе допишувам, секако може и вие 
да ја прифатите (што би рекол некој од Европска Унија, ако сакате, 
бидејќи таму демократијата има корени, а овде социјализмот направил исто 
корени само негативни кои треба нежно или грубо да се корнат!)




More information about the Ossm-members mailing list