[Ossm-members] FIY: USAID/PEP тендер за локализација на слободен софтвер
Arangel Angov
ufo at linux.net.mk
Tue Jul 22 19:07:31 UTC 2008
На вто, 2008-07-22 во 20:29 +0200, Aleksandar Balalovski напиша:
> > БЕЗ ЗАЕДНИЦАТА
> > > ПРОЕКТОТ ВИ Е ОСУДЕН НА ПРОПАСТ.
>
> Ова не е точно.
Па ако сакале да ја завршат работата како што треба и те како е точно.
> Без пари проектот е осуден на пропаст. Има пари има проект. Дали тој ќе понуди
> позитивен плод кој ќе се искористи за целите на проектот „компјутер за секое
> дете“ или како и да се вика проектот на Владата за компјутерите (со Убунту).
>
> Јас мислам дека инволвираност не треба да се прифати во секој случај и имам 2
> многу добри причини за тоа. Првата е што Убунту не е целосно слободен
> оперативен систем, прифаќајќи ја идејата на нашиот нуб министер би газеле врз
> нашите заложби, и второ е нетранспарентноста што ја покажаа добитниците и
> владата во доделувањето на тендерот.
Немој да шириш вакви дезинформации! Ubuntu е целосно слободен софтвер.
Што инсталираш после на него е до тебе, исто како што сега на твојата
инсталација на Fedora/Gentoo/Debian/Arch имаш инсталирано Adobe Flash и
повеќе не користиш целосно слободен систем. Аман више од ваквите
непроверени тврдења, Ubuntu не бил слободен софтвер, епа што е истиот
кернел, истиот GNOME, истиот Firefox како на сите други дистрибуции, што
се сите овие компоненти ако не се слободен софтвер?
> И за крај, преводите може секој да си ги симне од официјалните сајтови на
> проектите. Како да не им ги даваат преводите? Не сфаќам...единствено, може да
> се испрати официјално писмо до координаторите за локализација на поединечните
> проекти да се известат за целата ситуација (тоа да го стори секој локален
> координатор за локализација) и да им се каже дека за скоро може да очекуваат
> осакатени преводи кои ќе ги испраќаат „тендерашите“.
Кој сака може да преведува, но тоа не значи дека и кој сака може да ги
става преводите во upstream во проектите. Што значи они можат да си
преведат што сакаат, преводот може да им остане кај нив на компјутер и
тоа е тоа, ништо не напраиле за проектите за кои што преведуваат.
--
Арангел
[w:ufo.linux.net.mk]
[e/j:ufo at linux.net.mk]
[i:arangel @ FreeNode]
More information about the Ossm-members
mailing list