[Ossm-members] FIY: USAID/PEP тендер за локализација на слободен софтвер
Arangel Angov
ufo at linux.net.mk
Tue Jul 22 20:29:06 UTC 2008
На вто, 2008-07-22 во 21:40 +0200, Aleksandar Balalovski напиша:
> On Tuesday 22 July 2008 21:07:31 Arangel Angov wrote:
> > Немој да шириш вакви дезинформации! Ubuntu е целосно слободен софтвер.
> > Што инсталираш после на него е до тебе, исто како што сега на твојата
> > инсталација на Fedora/Gentoo/Debian/Arch имаш инсталирано Adobe Flash и
> > повеќе не користиш целосно слободен систем. Аман више од ваквите
> > непроверени тврдења, Ubuntu не бил слободен софтвер, епа што е истиот
> > кернел, истиот GNOME, истиот Firefox како на сите други дистрибуции, што
> > се сите овие компоненти ако не се слободен софтвер?
>
> Ни Arch, ни Федора ни Убунту се слободен софтвер според идејата на RMS. Кога
> инсталираш Ubuntu имаш во најмала рака неслободни фирмвери расположливи во
> системот и достапни преку разните неслободни пакети пакети со дознака
> restricted. Поправете ме ако грешам, но порано фирмверите беа складирани во
> ROM на самата хардверска компонента, сега одат во системот како софтверски
> пакет. Многу дистрибуции ги дистрибуираат како посебни пакети, само Убунту ги
> дистрибуира како дел од јадрото. Крај на дискусијата.
На Ubuntu CD-то нема неслободен софтвер, еве да ти повторам ако не сфати
досега.
> Плус, се гледа и според расположливиот софтвер во складиштата, али ај да не ја
> оддалечуваме темата на дискусија во нишкава, само да потенцирам дека и во
> Arch има неслободен софтвер во складиштата,
Складиштата *не се* CD-то, може било што да стават и во складишатата за
gNewSensе, не е тоа поентата, поенетата е дека кога добиваш Ubuntu CD на
него има само слободен софтвер и тоа е тоа, ти после ако сакаш од
CD/usb/интернет што сакаш инсталирај му, тоа не го прави инсталационото
CD неслободен софтвер.
> единствено добро тагирана како
> слободна може да се каже дека е gNewSense, официјално поддржаната
> дистрибуција од FSF.
>
> Исто не велам дека користам исклучиво слободен софтвер, затоа што во тој
> случај нема да можам да користам wifi, which sux nowadays ако не си RMS :)
Јас користам wifi со драјвер кој што е слободен софтвер, значи ќе си
одбереш компатибилен хардвер и ќе користиш слободен софтвер ако толку
веќе ти е важно.
Пингни ме на IRC ако сакаш да ја продолжиме дискусијава.
--
Арангел
[w:ufo.linux.net.mk]
[e/j:ufo at linux.net.mk]
[i:arangel @ FreeNode]
More information about the Ossm-members
mailing list