[Ossm-members] FIY: USAID/PEP тендер за локализација на слободен софтвер

Misa Popovic popmisa at gmail.com
Thu Jul 24 09:07:58 UTC 2008


> 7. Џабе преводот кој неможе да се вметне во новите верзии.

Точно така... но од ова произлегуваат два проблема:

1. И во останатите апликации има веќе вложен труд кој сеа ќе биде
наплатен од Генреп. Климент подолу во нишкава проба да аргументира
како во светот на слободниот софтвер имало проблем со дефинирање на
сопственоста, иако светот на слободниот софтвер е различен поради
правата кои ги дава, а не сопственоста. Дополнително, атрибуцијата на
авторот никогаш не била спорна, а исплатата на вложениот труд, во
случајот на овој тендер, се базира на атрибуцијата на трудот кон
конкретен автор. Поточно, за да докажам дека треба да земам пари за
локализација, морам локализираното да го прикажам како мое.

2. Тие членови на заедницата, кои инвестирале труд и време, ќе видат
како некој заработува припишувајќи го нивното дело како свое. Тоа ќе
делува демотивирачки и очекувам дека ќе спласне во некоја мерка
ентузијазмот за преведување. Доколку локализаторите го напуштат
местото „локализатор" во матичните проекти, за локализатори ќе се
пријават само оние кои ќе гледаат парична корист од тоа... можеби на
крај ќе заврши приказната како „човекот кој го криеше преводот на
форумот". :-)

Енивејс, им препорачувам на оние што учествувале во локализација на
софтверите за кои Генреп ќе земе пари, да утврдат дали земал пари
претставувајќи го нивниот труд како свој (дали ги користел постоечките
преводи или тргнал од нула и за колкав квантум на превод по проект
наплатил), да се консултираат со адвокат и покренат тужба за
прекршување на авторски права.


-- 
Misa Popovik


More information about the Ossm-members mailing list