[Ossm-members] FIY: USAID/PEP тендер за локализација на слободен софтвер

Дамјан Георгиевски penguinista at mail.net.mk
Thu Jul 24 19:14:22 UTC 2008


> Мора да реагирам на начинот на кој што комуницирате кон Климе. Стварно
> не доликува.
>
> Климент е човек кој што многу го ценам, тој е програмер веќе скоро 2
> децении, што е уште поважно е Java програмер и е целосно OpenSource
> насочен. Не е воопшто таков тип на човек како што мислите и сум сигурен
> дека има најдобри намери во целата работа.

Можеби има најдобри намери... ни ние не може да ги знаеме тие намери додека се 
случуваат зад затворени врати, нели? И тоа е суштината на проблемот.

6 месеци пред да постои тендерот, сите знаат за него освен „Слободен софтвер 
Македонија“ и локализациските тимови. Во 5 за 12 дознавам и бараме состанок 
со PEP да ни објасни која е логиката на давање на тендер она што сме го 
работеле 10 години. 

Одбиваат - ние сме биле потенцијални бидери за тендерот па би било *конфликт 
на интереси* состанок со нас! 

Од друга страна не е конфликт на интереси дека Климент е автор на 
„Kонцептуалната стратегија за употреба на софтвер со отворен код во 
училиштата“ и се јавува и го добива тендерот на нејзина имплементација.


Можеби стварно постојат најдобри намери ... но ајде да ги видиме. 
Мислам дека постојат многу објективни причини зашто заедницата би била 
сомничава кон „Генрепсофт“ и ќе биде потребна поголема убедливост во добрите 
намери него онаа покажана до сега.


-- 
дамјан ( http://softver.org.mk/damjan/ )
http://wiki.lugola.net/wiki/Вечна_TO-DO_листа



More information about the Ossm-members mailing list