[Ossm-members] FIY: USAID/PEP тендер за локализација на слободен софтвер

Aleksandar Josifoski josifoski2 at gmail.com
Fri Jul 25 06:28:15 UTC 2008


Aleksandar Nikov wrote:
> Климент е човек кој што многу го ценам, тој е програмер веќе скоро 2 
> децении, што е уште поважно е Java програмер и е целосно OpenSource 
> насочен. Не е воопшто таков тип на човек како што мислите и сум 
> сигурен дека има најдобри намери во целата работа.
>
>
>   
Ќе ја замолам заедницата на слободен софтвер да не ми замери и да не 
избрзува со коментари на ова што ќе го напишам.
Јас слободниот софтвер го гледам како поздрава морална средина далеку 
подобора од софтверот на мс платформата.
Слободен софтвер = здрава храна, по можност вегетаријанска, 
лактовегетаријанска или во таа насока (поздрав начин на живот)
Комерцијален софтвер = свинско, гта, counterstrike, алчност, цена на 
xpпроф. во XМакедонија мислам некои 9500ден., (како да кажете 3000 евра 
во Англија да е лиценца).

Дали може некој да биде вегетаријанец а да не е хуман, човек, Христијанин?
Да, историјата покажала такви луѓе, уште повеќе злочинци имало.
Дали може некој да јаде свинско, а да чита духовни книги, да им помага 
на луѓето, што би рекле да е солиден Христијанин, па макар и живеел во 
Шутка.

Христијанскиот морал е права вредност за која луѓето биле спремни да 
умрат казнувани од римските императори, од крстонсните походи превземани 
против Валденжаните, Хугентотите. Пуританците биле прогонувани и ред 
други примери.

Во земјите каде филозофијата на капитализмот се применила, каде луѓето 
се научиле да поштуваат приватна сопственост (материјална и другата), не 
е се совршено, но Христијанството развило многу подобри корени од 
бившите социјалистички земји.
Капитализмот е подобро тло за развој на Христијанството!
Социјализмот е најлошо тло, поточно тоа го гуши Христијанството.

Кога некој ќе ми рече дека е целосно open source ориентиран, како да ми 
рекол, тој човек јаде вегетаријанска храна. Но тоа не ми гарантира дека 
е Христијанин!
Не е правиот проблем во имање богатство или немање, правиот проблем е 
што правиме со богатството што го поседуваме, дали материјално, дали 
духовно (најважното), или друго. Не е грев да се биде богат материјално, 
што прави богатиот со своето богатство, тоа е меродавно.
Не скокајте на ова што ке го напишам сега: Може некој на Windows да 
живее совесно, чесно, христијански а може некој на линукс да се 
упропасти како фарисеите што се самооправдувале. Не сакам линуксот да 
биде средство за самооправдување, една од најголемите опасности! 
Самооправдување. Firefox го има на линукс, кој гарантира дека личноста 
што е на линукс не гледа неморални сцени?

Но, линуксот во земји како XМакедонија може внимателно, мудро воведен да 
го потисне беззаконието кое е очигледно, да го врати моралот, 
нарушувањето кое е донесено со реченицата "се е наше".  Да ве прашам, 
кога се е наше, дали има проблем некој да земе од "нашето", дали другите 
ќе реагираат? Таа реченица „се е наше“ довела до оваа состојба на 
крадење, беззаконие, Христијанството не може да се пробие.

теорема: Како што Капитализмот е подобро тло за развој на 
Христијанството, така и линукс системот е подобро тло за развој на 
Христијанството!!! (153) (Јован 21) Александар (Апостол Петар)!

Знаете ли зошто ме шпијунираат. Еве ќе ви кажам. Некои луѓе во западниот 
свет зборувале лошо за мене, кој сум само обичен човек, и се случил еден 
или повеќе настани како примерот in Acts of Apostles 5!

Ваше демократско право е дали ќе ми поверувате или не. (Јован 7,13.14)

теорема2: Христијанството тешко ќе се пробие во бившите комунистички 
земји, каде во психата на луѓето, теоријата се е наше и заедничко довела 
до беззаконие, каде не се учеле луѓето дека информациите имаат вредност, 
покрај времето (материјална вредност, долари, фунти, маици сеедно), без 
претходна примена на слободниот софтвер.
Слободниот софтвер е пат трасиран кој би му претходел на Евангелието, но 
не само на теоретското. Христијанството не е само теорија, тоа е и пракса.

На луѓе како во Куба, Македонија и други земји, обидот да се прават 
христијански евангелизации е слично (екстремално развиено) како на луѓе 
што се во концентрационен логор да им се држат доктринални проповеди. 
Кога по 2.та светска војна, беа ослободувани луѓето во тие логори, 
Сојузниците не им држеа предавања туку им даваа тоа што им треба. Во 
вакви земји признавам само развој на капитализмот, искоренување на 
социјалистичките идеи, промовирање на слободниот софтвер, искоренување 
на Microsoft (во Македонија), бидејќи самата компанија е крива што го 
потпомогнала беззаконието и ги научила луѓето да не ја ценат 
материјалната вредност на информациите и времето!

Дали ми е простено? вие во ноември 2007 (некои од вас) ми свртивте грб, 
ме вреѓавте итн. итн. Јас пак на сите ви простив уште тогаш. Најголема 
болка ми зададовте вие бидејќи станав дел од вас, дел од заедницата и 
вие покрај многу други најповеќе ми го ранивте срцето.
Научен сум на трпам повреди и научен сум да простувам!
За бројката 1844+153=1997 понатаму



More information about the Ossm-members mailing list